Црна хроника
Полицијата фатила повеќе лица што вршеле јавен превоз без документација
Автобус што вршел јавен превоз на патници во Струмица е фатен како сообраќа без соодветна документација. При контрола од полицијата било утврдено и дека во автобусот имало повеќе патници од дозволениот број што може да се превезуваат.
А при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека лицата Н. В. (27) од Струмица, А. Д. (38) од с. Дабиле, Струмичко, и И. Ц. (42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. За настаните биле запознаени јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од Општина Струмица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец злоупотребил фотографии од малолетничка, па ја уценувал: ѝ барал сексуални услуги за да ги избрише лажните профили што ѝ ги направил
Полицијата го приведе И. С. (29) од селото Церово поради полово вознемирување и злоупотреба на лични податоци.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјалните мрежи креирал неколку профили на нејзино име, на кои поставил фотографии од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги зел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.
И. С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Црна хроника
Дете паднало од електричен тротинет во Гостивар, заврши во болница со тешки повреди
Синоќа во сeлото Врапчиште, Гостиварско, малолетник од истото село, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Трактор и автомобил се судрија во Струмичко, тешко повреден едниот од возачите
Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во селото Мокриево, Струмичко, се случила сообраќајка помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од селото Мокриево, струмичко и автомобил „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, а увид на местото извршила полициска екипа.