Свет
Путин и Шји ќе потпишат повеќе од 15 договори

Русија и Кина ќе разговараат за гасната и финансиската соработка, а целта е таа соработка да се зајакне, соопшти Кремљ во пресрет на патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг за отворањето на Зимските олимписки игри.
„Путин и неговиот колега Шји Џјинпинг ќе ручаат заедно в петок и би можеле да потпишат повеќе од 15 договори“, изјави за новинарите функционерот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека Путин ќе биде на свеченото отворање и дека се направени многу нови договори за испорака на природен гас. Ушаков рече и дека се направени сериозни напори за создавање заедничка финансиска инфраструктура ,која би била отпорна на надворешни санкции.
Освен Путин, на отворањето на Зимските олимписки игри во 2022 година ќе бидат и министрите Сергеј Лавров, Николај Шулгинов и директорот на „Роснефт“, Игор Сечин, откри Ушаков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Сериозно е нарушена здравствената состојба на Александар Вучиќ

Александар Вучиќ ја откажа планираната посета на САД поради влошување на здравствената состојба и побара медицинска помош веднаш по враќањето во Белград, објави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
Таа изјави дека здравствената состојба на шефот на државата Александар Вучиќ, кој го прекина престојот во Флорида и попладнево се врати во Белград, е сериозно нарушена.
Вучиќ бил примен на Военомедицинската академија, каде што го пречекале министерот за здравство Златибор Лончар и Драган Динчиќ, поранешен лекар на поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, објави „Блиц“.
Ана Брнабиќ изјави дека била планирана средба меѓу Вучиќ и американскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.
Регион
Вучиќ е префрлен во Военомедицинската академија во Белград, се испитува од што му се слошило

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, пренесуваат неофицијално српските медиуми.
Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.
На претседателот на Србија ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побара медицинска помош и по прегледот одлучи да се врати во Србија. Поради ова, претседателот на Србија не се појави на главните настани за кои дојде во САД.
Според информациите на Танјуг, на Вучиќ му се слошило во раните попладневни часови по локално време. Во тој момент, во просторијата со претседателот Вучиќ, подготвувајќи се за состаноците, биле министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ.
Канцеларијата на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста за што точно станува збор во наредните денови.
Свет
Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.
Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.
За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.
Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.
„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.