Скопје
Промовирани новите велосипедски патеки во Скопје

Со велосипедско дефиле што се возеше по должината на булеварот „Илинден“, а коешто го предводеше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во понеделник беа промовирани новоизградените и реконструирани велосипедски патеки од рутата 1, од проектот „Скопје велоград 2017“.
„Денеска, на Денот на пролетта, ги промовираме новоизградените и реконструирани велосипедски патеки од рутата 1, од сложениот проект „Скопје велоград 2017“, со кој ќе ја унапредиме велосипедската инфраструктура во Скопје и ќе ја зголемиме безбедноста во велосипедскиот сообраќај“, рече градоначалникот Коце Трајановски.Со велосипедските патеки од рутата 1 се овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош. Како дел од оваа рута, изградени се и реконструирани велосипедски патеки во вкупна должина од 7.600 метри, и тоа: на булеварот „Александар Македонски“, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни; на улицата „Беласица“, од булеварот „Гоце Делчев“ до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни; на булеварот „Гоце Делчев“, од булеварот „Крсте Мисирков“ до улицата „Беласица“, од двете страни; на булеварот „Илинден“, пред зградата на Владата и на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до фонтаната „Лотосов цвет“, од двете страни и на булеварот „Илинден“, на потегот од Матично до крстосницата со улицата „Љубљанска“, од едната страна. За изградба и реконструкција на велосипедските патеки од Рута 1 и на пешачките патеки по нивната должина Градот Скопје вложи 48 милиони денари. Градежните работи ги изведуваа екипите на ЈП „Улици и патишта“.Трајановски додаде дека Градот Скопје веќе интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ што треба да ги поврзат Аеродром – Центар – Карпош со Ѓорче Петров.Во наредниот период ќе следуваат градежни работи и на Рутата 3 којашто треба да ги поврзе Кисела Вода со Центар и Карпош и на Рутата 4 којашто треба да ги поврзе Бутел, Чаир и Центар. „Овој проект треба да заврши во 2017 година, но ние правиме напори поголемиот дел од најавените велосипедски патеки да ги завршиме во текот на оваа, 2016 година. Ќе напоменам и дека имаме одлична соработка со невладината организација „На точак“ кои ни помагаат со сугестии и забелешки и се надевам дека нашата добра соработка ќе продолжи и натаму. Нашата цел е да создадеме добри услови за возење велосипед во Скопје и да ги поттикнеме граѓаните во што поголем број да користат велосипед како транспортно средство“, нагласи градоначалникот Коце Трајановски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.