Контакт

Вести

Нови 11 жртви во мексиканската држава во која исчезнаа десетиците студенти

Објавено пред

Единаесет масакрирани тела, од кои многу обезглавени, се пронајдени во четвртокот во југозападно Мексико, во Гереро, истата сојузна држава во којашто пред два месеца беа грабнати и веројатно масакрирани 43 студени на тамошниот педагошки факултет, соопштија локалните власти.
 

dobivaj vesti na viber

Единаесет масакрирани тела, од кои многу обезглавени, се пронајдени во четвртокот во југозападно Мексико, во Гереро, истата сојузна држава во којашто пред два месеца беа грабнати и веројатно масакрирани 43 студени на тамошниот педагошки факултет, соопштија локалните власти.

 

Телата на коишто биле видливи и траги од мачење, откриени се крај локален пат меѓу местата Чијапа-де-Алварес и Ајијауалуко само неколку часа пред и онака многу критикуваниот мексикански претседател Енрике Пена Нието требаше да објави низа мерки со цел да се подобри редот и мирот во државата којашто од 2006 година секојдневно се бори со бруталното насилство меѓу нарко картелите во коешто се убиени околу 90 илјади луѓе.

На фотографиите коишто ги објавија локалните медиуми, видливи се и тешки изгореници на некои од масакрираните тела. Според привичните сознанија, станува збор за пресметка меѓу две банди од претходната ноќ во борбата за контрола врз дистрибуцијата на наркотици во една од областите во државата Гереро.

Канцеларијата на државниот обвинител на Гереро соопшти дека телата се пронајдени во истата област во којашто се наоѓа радикалниот левичарски педагошки факултет чии 43 студенти беа грабнати.

Во првата седмица од ноември мексиканскиот државен обвинител објави дека студентите кои исчезнаа кон крајот на септември во југозападната сојузна држава Гереро, биле грабнати од полицијата по наредба на локален градоначалник и се верува дека се предадени на припадниците на локална нарко банда кои ги убиле, ги запалиле нивните тела а потоа остатоците ги фрлиле во река.

Здружението на родителите на исчезнатите студенти порача, пак, дека доказите се нецелосни и оти тие веруваат дека нивните деца се живи.

На 29-ти септември исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи припадници на нарко картелот Герерос Унидос, а потоа студентите ги одвеле во непознат правец.

Мексиканска полиција до сојузната држава Гереро ги објави нивните фотографии и понуди награда од милион пезоси за информации кои би довеле до сознанија за исчезнатите студенти. Опишувајќи ја сојузната истрага како едена од најкомплицираните, обвинителот опиша што се случувало со студентите од учителската школа во Ајотсинапи. Жртви се мажи повеќето во 20-те години од животот кои со автобуси и комбија оделе на протестите во Игуала против финансиските тешкотии во кои било нивното училиште. Учителската школа е стара 80 години и е позната како левичарски бастион, а нејзините студенти се познати по активизмот.

Според мексиканското обвинителство, тројца мажи, уапсени во врска со нивното исчезнување, признале дека погубиле голем број лица за кои се верува дека се исчезнатите студенти. Според нивните искази, полицајците ги предале жртвите на тројца мажи кои припаѓаат на нарко картелот Герерос Унидос.

Мексиканската полиција претходно ги уапси поранешниот градоначалник на Игуала кој беше во бегство, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга, осомничени дека го поттикнале нападите во коишто шест лица се убиени а исчезнаа 43-цата студенти, во аферата која со месеци наназад го потресува Мексико и ги доведува во тешка ситуација тамошните власти.

Истрагата покажала дека градоначалникот, кога дознал дека студентскиот протест ќе попречи еден негов официјален јавен настан, му наредил на началникот на полицијата во Игуала, Фелипе Флорес Веласкез, да ги сопре демонстрантите. Шефот на полицијата кој во меѓувреме беше суспендиран и сменет, сѐ уште се наоѓа во бегство.

Властите досега уапсиле 74 лица во врска со исчезнатите студенти. Обвинителството на прес-конференција ги прикажало снимките од признанието на тројцата криминалци, фотографии на местата за одложување отпад на кој телата се запалени и графички и видео прикази на отстранувањето на останките.

„Тие не само што ги спалиле нивните тела сосе облеката, ја запалиле и целата облека на оние коишто учествувале во тоа“, изјави пред извесно време обвинителот Муриљо додавајќи дека се обиделе да ја отстранат секоја можна трага.

Грабнувањето на студентите предизвика протести во целата земја и сериозно ја поткопа вербата во ветувањето на претседателот Енрико Пења Нето дека Мексико во текот на неговиот мандат ќе стане побезбедна земја. По повод сознанијата од истрагата Нето изјави дека откритието е шокантно и порача дека сите виновни за масакрот ќе одговараат. „Истрагата ќе биде спроведена целосно и сите одговорни ќе бидат казнети“, порача мексиканскиот претседател./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

Младо момче добило лажна порака да се сретне со девојка, па било однесено во куќа во Ѓорче и претепано

Хорор во скопската населба Ѓорче Петров. Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен...

Македонија6 часа

Обвинителството со детали: Кумановката добила 4.000 евра за бебето од брачната двојка, а кога го барала назад не и’ го враќале – притвор за сопружникот и мајката

Обвинителството донесе наредба за истражна постапка против пет лица, во случајот со родилката од Куманово која и’ го дала своето бебе...

Македонија8 часа

Се намалува бројот на грипозни, но и последнава недела е со рекорден број новозаболени во споредба со изминатите 14 сезони

Бројот на новозаболени од грип се намалува во споредба со минатата недела, но ако се спореди со истата недела изминатите...

Економија9 часа

Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании...

Свет9 часа

Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари...

Македонија10 часа

Димитриевска-Кочоска бара трпение од граѓаните за скандалот со Петровска: Многу бргу на сите ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска, и седум дена по скандалот во Собранието, е на ставот дека не погрешила и нема...

Македонија10 часа

Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата бидејќи тоа ќе го...

Свет11 часа

(Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото

Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на „Фокс њуз“ вчера со крст на челото. Христијанската традиција налага дека свештеникот...

Македонија11 часа

Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин. Како што извести АМСМ, на излезот...

Македонија12 часа

„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа...

Македонија13 часа

„Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта“, прашува СДСМ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да...

Свет14 часа

(Фото) Разорени куќи, уништени возила: како изгледа селото во Јужна Кореја каде што воен авион случајно фрлил бомби

Разорени куќи, уништени возила… Ова се ужасните сцени во Почеон, Јужна Кореја, каде воен авион случајно исфрли бомби, при што...

Европа14 часа

Орбан му напиша на шефот на Европскиот совет: „Мораме директно да преговараме со Русија“

Лидерите на Европската унија денеска се собираат во Брисел за да најдат одговор на драстичната промена на САД во поддршката...

Европа15 часа

Денеска е големиот самит на ЕУ: „Европа е пет минути до полноќ“

Додека 27-те лидери на ЕУ се собираат во Брисел, тие се свесни дека безбедносниот поредок воспоставен по 1945 година –...

Свет15 часа

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, при што беа повредени најмалку седум лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја....

Свет15 часа

Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници...

Свет16 часа

(Видео) Канаѓаните масовно ги бојкотираат американските производи: „американото“ стана „канадијано“

Во незапаметено прикажување на националното единство Канаѓаните се здружуваат во бојкот за да одговорат на ескалацијата на трговските тензии со...

Свет1 ден

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет1 ден

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Топ1 ден

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...