Контакт

Политика

ДУИ: Препораката подразбира продолжување на имплементацијата на политичкиот договор

Објавено пред

Демократската унија за интеграција(ДУИ) го поздравува Пакетот за проширување на Европската комисија за 2015 година. Како што се наведува во Стратегијата за проширување на Европската унија, овој процес претставува пред сè инвестиција за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот во Европа, вклучувајќи го и Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

 

 

„Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот за напредокот на Македонија во 2015 година, како многу важен документ во процесот на интеграција, воспоставувањето на демократските вредности и напредокот на земјата. Извештајот е објективен документ, кој ќе служи за спроведување на  понатамошни реформи во процесот на европската интеграција“, се вели во партиското соопштение.

 

Според интегративците, од особена важност за иднината на земјата е подготвеноста на Европската комисија да ја повтори својата препорака за отворање на пристапните преговори со Република Македонија.

 

„Оваа препорака подразбира продолжување на имплементацијата на политичкиот договор и значителен напредок во спроведувањето на приоритетните и итни реформи. Исто така, во наредниот период посебно внимание ќе се посвети на подобрување на меѓуетничките односи, вклучувајќи ја и анализа на спроведувањето на Охридскиот договор. Добрососедските односи треба постојано да се промовираат, што подразбира и решавање на отворените билатерални прашања, а особено треба да се истакне важноста на решавањето на спорот за името“, порачуваат од ДУИ.

 

Демократската унија за интеграција апелира до сите релевантни чинители во земјата целосно да се фокусираат на спроведување на агендата на евро-атлантската интеграција, како единствена алтернатива за мирна, стабилна и просперитетна иднина за доброто на сите граѓани. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија6 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија6 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет6 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет6 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ7 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет16 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет17 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија21 час

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија23 часа

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија1 ден

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија1 ден

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија1 ден

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија1 ден

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија1 ден

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет1 ден

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет1 ден

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...