Спорт
Како реагираше Путин кога ги виде спортистите од Украина – сликата го обиколи светот
Со спектакуларна церемонија во Пекинг денеска беа отворени 24. Зимски олимписки игри.
На отварањето на игрите на стадионот „Птичјо гнездо“ не присуствуваа претставници на Америка и блиски земји, но таму беа оние кои имаат добри односи со Кина.
Секако најголемо внимание привлече Владимир Путин. Претседателот на Русија беше одвоен од останатите гости, опуштено ја следеше церемонијата, до моментот кога се појавија спортисти од Украина.
Во последните недели и месеци имаше тензија меѓу Русија и Украина, која се заканува да прерасне во војна.
Кога се појавија украинските спортисти, Путин изгледаше како да спие. Ја сврте и главата, па практично ги игнорираше Украинците.
Putin fell asleep during the opening ceremony of the Olympics. pic.twitter.com/Eplkr6QThd
— MRCTV (@mrctv) February 4, 2022
Путин не можеше да го види руското знаме на парадата, бидејќи спортистите на оваа земја играат под олимпиското знаме поради допинг скандалот и се наречени „Руски олимписки комитет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.