Европа
Меркел ги критикува земјите од ЕУ кои не ги прифаќаат бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека е неприфатливо некои земји од Европската унија да одбиваат да ги примат бегалците бидејќи се муслимани.
„Тоа не оди, тоа што некои земји велат ‘општо, не сакаме муслимани во нашата земја“’, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во разговорот за германскиот јавен телевизиски сервис ARD емитуван во неделата вечерта.
Говорејќи за својот предлог за воведување квоти за распределба на бегалците во земјите членки на ЕУ, Меркел истакна дека секој треба да го заврши својот дел од работата и дека „треба да се најде заедничко решение“.
Германија во минатата 201 година прими повеќе од милиони баратели на азил, главно од Сирија, Ирак, Авганистан и земјите од северна Африка. Висок германски функционер, претходно во неделата, изјави дека годинава би требало во Германија да пристигнат меѓу 250.000 и 300.000 имигранти.
Источноевропските земји се противат на примањето бегалци, а најновата изјава за неприфаќањето на имигрантите од муслиманските земји дојде до чешкиот премиер Бохуслав Слоботка кој минатиот вторник изјави дека „Не сакаме тука да се создаде силна муслиманска заедница, имајќи ги предвид проблемите кои ги гледаме“, алудирајќи на серијата терористички напади во западна Европа.
„Имаме заеднички интерес со Германија, но нашите ставови за начинот на кој се решаваат миграциските кризи се разликуваат“, истакна Соботка во разговорот за весникот Pravo.
Чешка, покрај Унгарија, Полска и Словачка, или таканаречената Вишеградска група земји кои заедно влегоа во Европската унија на 1-ви мај 2004 година, остро се спротиставува на задолжителната распределба на бегалците во земјите членки на Унија според принципот на квоти за нивно прифаќање./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин