Црна хроника
Завршни зборови во случајот Раскољников
Обвинителството се повлече од обвинението за Виктор Карамарков за убиството на Босилка Красоевиќ поради немање на докази и побара тој да биде осуден за четири убиства и два обида за убиство
Обвинителот, повикувајќи се признанието на Карамарков дадено за време на истрагата, побара тој да биде осуден со соодветна казна поради тоа што при извршувањето на убиствата бил пресметлив, а жртвите ги ликвидирал поради бизарни причини. Од нив го одземал златото што подоцна го продавал, за да обезбеди средства за дрога.Бранителот на Карамарков, адвокатот Сашко Дуковски, побара неговиот клиент да биде ослободен, поради тоа што обвинението не се темели ниту на директни докази, ниту на сведоци, туку само на исказот на Карамарков. Лут е што застапниците по службена должност на Карамарков не му дале никаков совет за време на истрагата и смета дека покажале незаинтересираност за случајот.„Јас сум гневен на такво постапување на моите колеги. Доколку не сакале да се нафтата, не морале да се нафтата да бидат адвокати по службена должност. Кога веќе прифатиле, требало цело стручно знаење да го применат. Доколку повеќе што едниот по толку време, го откажал полномошното. Срамота е тоа“, рече адвокатот Дуковски.Карамарков пред судот рече дека таквиот исказ го дал под дејство на наркотици и само го потврдувал тоа што му го цитирале. Вели дека три дена го држеле во простории на непозната локација во која имало слика на Јосип Броз – Тито и дека не му бил обезбеден адвокат. Побара да биде ослободен од обвинението.Пресудата ќе биде соопштена за пет дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

