Македонија
(Видео) Стоилковски: Како во предизборие мала фирма со политички скандал зад себе добива еден милион евра од МВР?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес-конференција истакна дека трет ден МВР крие како е можно фирма за товарен транспорт да добие милион евра за три месеци, ама, како што нагласи, не за транспорт, туку за водоинсталатерски работи и за соларни панели.
Наместо МВР, празни флоскули во соопштенија, вели Стоилковски, испраќа СДСМ, што според него само ја дооформува сликата за тоа која и чија може да е фирмата. Првиот тендер во вредност од половина милион евра, како што појасни Стоилковски, бил во октомври, пред локалните избори. Бил за водоинсталација и канализација. Вториот тендер во висина од половина милион евра бил во јануари.
„МВР мора да одговори како фирма за товарен патен транспорт добива тендер за водоводни и канализациски работи и потоа за соларни панели за топла вода и нивна инсталација, вкупно вредни милион евра? И не одговара како тендерите ги добива оваа фирма во конкуренција со специјализирани компании за работите со децениски искуства, фирма за товарен транспорт пред специјализирани фирми“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оценува дека се работи за фирма на еден човек којашто и до сега, според неговите зборови, била посочувана за скандалозни тендерски врски со СДСМ.
Ова е скандал којшто според него отвора огромен број прашања на коишто само сериозна истрага може да одговори дали има злоупотреби на МВР, дали има злоупотреби на тендери, злоупотреба на буџетски пари, можеби во насока на изборни цели, на изборна корупција?
„Македонија тоне во корупција и криминал, во скандали се замешани луѓе коишто ги водат институциите, а Јавното обвинителство и правосудството не реагираат“, заклучи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Признанија за најдобрите ученици од општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски приреди прием за учениците од општинските основни училишта кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.
Градоначалникот им ги честиташе успесите на учениците и нивните ментори и истакна дека е горд што има голем број наградени ученици од општина Илинден. Тој додаде дека локалната самоуправа посветено цели да ги промовира и поттикнува постигнатите успеси и достигнувања на учениците од општината.
На вкупно 20-тина ученици и нивните ментори и годинава им беа доделени признанија за постигнатиот успех, што претставува признание за трудот на наградените, но и мотив за останатите. Учениците беа наградени за високи достигнувања на државните натпревари по македонски јазик, англиски јазик, биологија, природни науки, како и на натпреварот по Информатичко размислување, велат од Општината.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Вчера, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот Горан Герасимовски се сретна со жителите на населбата Пролет, каде пред само еден месец беше отворена најубавата и најмодерната градинка „Пролет“ во Македонија.
Жителите на оваа населба упатија големи пофалби за новоизградената градинка, прва и единствена во Пролет која претставува вистински пример за современа детска заштита. Изградена според највисоки светски стандарди, со целосно нова, безбедна и инклузивна средина, таа денес е гордост на целата општина, велат од Центар.
„Овие маалски средби ни се многу важни, тие се можност директно да го слушнеме мислењето на граѓаните, нивните идеи, предлози и предизвици. Затоа и го правиме овој караван, затоа што општината не треба да чека граѓаните да дојдат кај нас, туку ние треба да одиме кај нив и да работиме исклучиво во нивен интерес“, изјави Герасимовски.
Средбата се одржа на маалско игралиште кое беше опремено од градоначалникот Герасимовски, каде што децата безгрижно растат, учат и се дружат. Центарци го поздравија континуираниот развој на Центар, во изминатиот период беа реконструирани 20 улици, подобрени беа условите во сите градинки и основни општiски училишта, а есенва ќе биде пуштена во употреба и реконструираната спортска сала „Работнички“, уште еден капитален проект во интерес на граѓаните, соопшти Општината.
Македонија
Оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден.
Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“, велат од опозициската партија.
„Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги заштитат и да ја прикријат одговорноста.
Тие бранеа и криеја свои функционери, ја лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговрни за пожарот во кој изгореа 62 деца“.
Според СДСМ, Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој, како што велат, ги поставил, тој давал наредби и затоа додаваат дека мора да понесе оставка и да следи кривична одговорност.
„Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина.
Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите, освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината.
Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски, нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има“, потенцираат од СДСМ.