Надворешна политика
Могерини: Неопходен е отворен дијалог и импементација на договорот од Пржино
Земјите членки на Европската унија се единствени дека во Македонија е потребен отворен дијалогмеѓу политичките субјекти, имплементација на договорот од Пржино, создавање услови за развој на владеењето на правото во земјата, изјави во понеделникот високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија попладнето дискутираа на Советот за надворешни работи нa Европската унија за состојбата во Република Македонија, и како што јави дописникот на МИА од Луксембург, како една од главните точки на Совет, пропаднал обидот на Германија и Велика Британија кои бараа ЕУ да заземе поцврст став во однос на политичката криза и како што објави и Могерини на прес-конференцијата по завршувањето на состанокот, тие ги повторија досегашните барања на Брисел за надминување на политичката криза во македонската држава.
„На дискусијата во однос на точката за БЈР Македонија се покажа јасно единство на земјите-членки во потребата од тоа политичко лидерство на земјата да биде посветено на отворен дијалог, имплементација на договорот од Пржино од 2015 година и да се создадат услови за развој на владеење на правото, поддршка на работата на Специјалното обвинителство и имплементирање на итните реформски приоритети“, рекла Могерини во врска со ставот на Советот за надворешни работи на ЕУ за ситуацијата во Македонија.
Поради одбивањето на Хрватска, Словенија, Грција, Полска, Чешка и Унгарија воопшто да се дискутира за можноста од поставување некаков вид услови или одредување санкции кон поединци во Македонија, во понеделникот шефовите на дипломатиите само го повториле ставот на Брисел за решавање на политичката криза, а и покрај дискутирањето за земјата како „безбедносно прашање“, препораките од Советот покажуваат дека за Македонија е дискутирано по принципот за земја-кандидат за членство во ЕУ што досега повеќепати Унијата го правеше на Советот за општи работи (ГАК)./крај/мф/бс
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.