Црна хроника
Се самоуби осуденик во штипскиот затвор

Педесет ипет-гоодишниот Стојче Младенов од штипското село Крупиште, синоќа по полноќ се обесил во ќелијата од Штипскиот затвор, потврди Управата за извршување на санциите
Како што се наведува во информацијата, Стојче Младенов си го одзел животот најверојатно по полноќ врзувајќи се со креветскиот чаршал се врзал за работ на горниот кревет, во собата каде што престојувал со уште еден осуденик кој во тој момент спиел, а ја забележал смртта околу 1.20 часот по полноќ по што веднаш алармирал кај одговорниот на смена во Домот.Веднаш била повикана Итната медицинска помош, од страна на дежурниот лекар било прегледано телото на осуденото лице при што била констатирана смртта.За настанот се известени надлежните органи, а на лице место присуствуваа истражен судија и заменик јавен обвинител кои извршиле увид на лице место.Младенов бил осуден со пресуда на Основен суд Штип за кривични дела „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години” и за „прикажување порнографски матерјал на малолетник”, за што добил едиснтвена затворска казна во траење од девет години. Младенов по сопствено барање казната почнал да ја издржува пред правосилноста на пресудата, и тој на 30-ти август годинава бил примен во Казнено поправниот дом Штип, извршен му е преглед од лекар и било оценето дека е способен за извршување на полесни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.