Македонија
21 починат и 690 новозаразени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.790 теста, а регистрирани се 690 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.
Регистрирани сe 676 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 12 од Скопје (65, 66, 69, 70, 71, 73, 73, 76, 79, 87, 88 и 89), 2 од Охрид (79 и 85) и по едно починато лице од Гостивар (84), Струга (78) Куманово (66) и од Битола (83). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 3 починати лица, и тоа од: Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43 до 68 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 3.2.2021 до 5.2.2022 година.
Од вкупниот број починати лица (n=21), 6 се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.790 теста преку: ИЈЗ – 26, ЦЈЗ Скопје – 36, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 158, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 126, „Авицена“ – 109, „Биотек“ – 164, „Систина“ – 78, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 9, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 319, „ВФВ медикал“ – 50, „Ели медика“ – 70, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 14, „Жан Митрев Струмица“ – 0, „Нова лаб дијагностика“ – 0, „Рамус“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.623.
Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 127.779, Активни 6.500
Куманово 15.330, Активни 553
Битола 13.325, Активни 790
Прилеп 13.025, Активни 363
Тетово 12.767, Активни 423
Кавадарци 9.443, Активни 560
Гостивар 9.022, Активни 261
Велес 8.759, Активни 343
Охрид 8.187, Активни 291
Штип 7.679, Активни 173
Струмица 7.516, Активни 321
Кичево 5.082, Активни 186
Кочани 4.772, Активни 152
Струга 4.481, Активни 117
Гевгелија 3.935, Активни 197
Неготино 3.347, Активни 199
Свети Николе 2.516, Активни 95
Ресен 2.445, Активни 114
Радовиш 2.360, Активни 121
Крива Паланка 2.259, Активни 70
Делчево 1.826, Активни 71
Берово 1.657, Активни 13
Дебар 1.532, Активни 31
Валандово 1.429, Активни 88
Виница 1.318, Активни 31
Пробиштип 1.266, Активни 17
Богданци 936, Активни 76
Кратово 900, Активни 28
Крушево 830, Активни 16
Демир Хисар 791, Активни 28
Македонски Брод 659, Активни 31
Македонска Каменица 515, Активни 21
Демир Капија 508, Активни 21
Пехчево 439, Активни 10
Дојран 237, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион
Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде остварија средби со високи претставници на УНЕСКО.
На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-та Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, беше разговарано за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.
Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.
За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот.
Македонија
Утре променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Јавна расправа во Министерството за транспорт: се разгледуваат измени во Правилникот за урбанистичко планирање
Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.
Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството.
Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање на услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот.
„Имајќи предвид дека туристичкиот сектор веќе бележи позитивни трендови, преку предложените измени се предвидува можност за стимулирање на изградба на големи хотелски комплекси вон градови, исто така и надвор од заштитени подрачја, надвор од национални паркови, надвор од заштитената зона на Охридскиот регион поврзана со заштитата од УНЕСКО, со што директно се поддржува растот на туризмот и привлекувањето нови туристи во државата, а дополнително се придонесува за отворање на нови работни места.
Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на јавноста во процесот на носење на одлуки, при носењето на сите планови ќе се спроведуваат јавни презентации. Одржувањето на денешната стручна јавна расправа по однос на донесувањето на измените на конкретниот Правилник е јасен показател за заложбата и отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни“.
Исто така измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на терцијарното здравство, како и изградба на батериски системи, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор.
Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на одржливи решенија кои создаваат баланс меѓу економскиот развој и јавниот интерес на граѓаните.

