Македонија
(Видео) Атанасов: Се уништува културното наследство, има ли план Владата да го заштити?
Во врска со зачестените незаконски дејства врз културното наследство во последниoт период, како што е веќе вторпат кражбата на оловните плочи од манастирот во Матејче или сличната кражба на оловни плочи од безистенот во Штип, ВМРО-ДПМНЕ искажува голема загриженост во врска со наведените криминални дејства врз недвижното културно наследство, изјави Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во оваа пригода упатуваме прашање до Министерството за култура, односно до Управата за заштита на културното наследство, како и до Владата, дали воопшто е донесен националниот акциски план за превенција на криминалитетот против културното наследство, кој се донесува по предлог на Управата за заштита на културното наследство по член 103 од Законот за заштита на културното наследство.
Ова прашање го упатуваме со крајна сериозност бидејќи дел од акцискиот план содржи исклучително важни мерки за превенција на криминалитетот против културното наследство, и тоа:
1) Оцена за постојните ризици од незаконски дејства и состојбата со криминалитетот против културното наследство;
2) Приоритети на политиката за безбедносна заштита на културното наследство;
3) Општи и посебни мерки на превенција на криминалитетот против културното наследство;
4) Субјекти одговорни за спроведување на акцискиот план.
Нагласуваме дека Управата за заштита на културното наследство ја координира со реализација на акцискиот план.
Понатаму, укажуваме дека државата, во име на јавните установи за заштита, како и самите иматели на заштитените добра, во однос на недозволените ископувања, НАМЕРНОТО ОШТЕТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ, кражби, присвојување, прикривање, недозволена трговија, шверцување и други незаконски дејства против културното наследство има обврска да донесе, и тоа:
1) Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејства;
2) Мерки на противдејство со кои ќе се намалат загубите или штетните последици од незаконските дејства ако ризикот се оствари, сето ова е по член 102 од Законот за заштита на културното наследство.
ВМРО-ДПМНЕ овие законски облигации ги нагласува бидејќи во рацете на Управата за заштита на културното наследство е исклучително важната улога за безбедноста на културното наследство бидејќи:
1) Ја следи состојбата со безбедносната заштита на културното наследство;
2) Врши безбедносна процена на ризиците од незаконски дејства против културното наследство;
3) Определува итни мерки на безбедносна заштита на културното наследство во опасност и ПОСЕБНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ;
4) Издава стручни упатства за спроведување на безбедносната заштита на културното наследство;
5) Предлага преземање мерки на безбедносна заштита на културното наследство.
Односно, двата законски предвидени плана за безбедност на културното наследство, и тоа:
1) Планот за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејства;
2) Планот за итна акција во случај на незаконски дејства во надлежност на јавните установи за заштита во вакви ризични ситуации не треба да останат мртво слово на хартија, а овластените службени лица за безбедност на културното наследство во Управата за заштита на културното наследство да извршат проверка на ефикасноста на мерките за безбедносна заштита и да проценат дали е соодветен степенот на постојниот ризик и да утврдат дали ризикот е прифатлив“.
Тој нагласи дека при загрозена безбедност на културното наследство овластените службени лица за безбедност на културното наследство, кои според член 105 од Законот за заштита на културното наследство треба да поседуваат безбедносен сертификат за пристап и користење класифицирани информации, треба да соработуваат со криминалистичката полиција, царинските органи, јавните обвинителства.
„Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ јавно го поставува прашањето дали надлежниот овластен раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство ги поседува соодветните легитимациски документи за вршење оваа дејност?“, додаде тој.
Како што нагласи, сето ова го навеле од ВМРО-ДПМНЕ поради големата загриженост за вандалското однесување кон културното наследство, кое, како што вели, истовремено претставува и идентитетски и силен културолошки белег на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2025 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.

