Свет
(Видео) Макрон пристигна во Москва на средба со Путин
Францускиот претседател, Емануел Макрон, пристигна во Москва, каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата претседатели треба да разговараат за украинската криза.
Макрон изрази умерен оптимизам пред разговорите со Путин.
„Јас сум доста оптимист, но не верувам во чуда“, изјави Макрон пред новинарите веднаш по слетувањето во руската престолнина.
REALIDADE NÃO CONTADA, [7 de fev de 2022 às 11:45]
???? Emmanuel Macron acaba de desembarcar em Moscou para conversas com o presidente russo Vladimir Putin pic.twitter.com/a2O76FrlI0— Silvânia Lima E Líbero (@LimaLibero) February 7, 2022
Тензиите во Европа поради ситуацијата за Украина и безбедносните гаранции ќе доминираат како теми на денешната средба меѓу Путин и Макрон, изјави претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков за новинарите изјави дека посетата е многу важна и потсети дека ѝ претходеле неколку телефонски разговори меѓу двајцата претседатели. Тој додаде дека поради тоа Кремљ очекува долг и смислен разговор, но не очекува одлучувачки промени по таа средба бидејќи, како што рече, ситуацијата е премногу комплицирана.
Како што беше најавено претходно, францускиот претседател утре ќе престојува во работна посета на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кандидат за градоначалник во Мексико е убиен во пукање на предизборен митинг
Кандидатот за градоначалник Лусеро Лопез Маза и уште пет лица, од кои едно младо девојче, беа убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, пренесе АП.
Покрај тоа, две лица се ранети.
„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.
Свет
Лидерот на опозициската Напредна Словачка и неговото семејство добија смртни закани
Лидерот на опозициската Прогресивна Словачка (ПС) Михал Симецка поднел кривична пријава поради смртните закани што ги добиле неговата партнерка, ќерката и тој самиот, соопштија за словачката новинска агенција ТАСР во прес-службата на ПС.
Симецка објави дека добил неколку „конкретни и драстични“ смртни закани од „одредени луѓе“, посочувајќи дека слични закани со години биле упатени до словачката претседателка во заминување Зузана Чапутова.
Тој изрази уверување дека повеќето политичари, новинари и јавни функционери кои го изразуваат своето мислење се соочуваат со смртни закани.
Свет
Обвинителството бара притвор за атентаторот на Фицо, одлука судот ќе донесе утре
Утре судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка ќе донесе одлука за притвор на осомничениот за атентатот на премиерот Роберт Фицо- Јураја Цинтула.
Надлежниот обвинител до судот веќе достави предлог за изведен притвор за 71-годишниот левичар, кој во средата по владината седница неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани. Обвинителот бара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот Катарина Куѓакова.
Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвиненија за обид за убиство од прв степен од одмазда, а се соочува со 25 години затвор, па дури и доживотен затвор. Според министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток и министерот за одбрана Роберт Калињак, нападот бил политички мотивиран, пренесува Актуалити.
Состојбата на премиерот Роберт Фицо и понатаму е сериозна и тој е на одделението за интензивна нега.