Црна хроника
Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево – шестмина повредени

Шест лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во 7.50 на магистралниот пат Гостивар – Кичево, меѓу асфалтните бази на патот, соопшти СВР Тетово.
Сообраќајката се случила кога се судриле „сеат кордоба“ со гостиварски регистерски таблици и „фолсваген“ со албански регистерски таблици.
Тројцата патници од „сеат кордобата“ се здобиле со тешки телесни повреди, скршени ребра, скршен пршлен и потрес на мозокот, додека тројцата патници од „фолсвагенот“ се здобиле со лесни телесни повреди. Сé уште се прегледуваат двајца патници од „фолсвагенот“.
Екипа од гостиварската полиција, заменик јавен обвинител и истражен судија вршта увид на лице место, сообраќајот е забавен, а возилата се пропуштаат наизменично./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.