Црна хроника
Рудар загина во рудникот „Саса“

Работник што работел како минер во рудникот „Саса“ утрово загинал во несреќен случај
Педестгодишниот рудар, Спасевски Ѓорѓи, изутрината го загуби животот во рудникот „Саса“, изјави за Макфакс портпаролот СВР Штип, Снежана Санева.Според првичните информации несреќниот настан се случил околу 5 часот изутрината додека работникот минирал во една од јамите на рудникот.Неофицијалните информации говорат дека работникот настрадал од одрон предизвикан од вибрациите на дупчалките со кои правел отвори за поставување експлозив. Од СВР Штип информираат дека телото на загинатиот рудар до 10 часот сеуште не било извадено од окното, бидејќи сеуште траел увидот на местото на несреќата.Од рудникот “САСА“ за денеска напладне најавија официјално известување за причините поради кои дошло до несреќата.Според првичните информации, рударот загинал кога го затрупал одрон предизвикан од вибрациите на дупчалките со кои се правеле отвори за поставување експлозив.Телото на несреќниот рудар сè уште не е извлечено од окното, а спасувачките екипи ја отстрануваат натрупаната земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата што ги управувале

Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција.
При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник со електричен тротинет удрил во пешак на „Партизанска“, со тешки повреди пренесен во болница

Тешко повреден пешак на велосипедска патека во Скопје, во него удрил електричен тротинет.
Според информациите на МВР, на 31 август, во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, на велосипедската патека, електричен тротинет управуван од малолетник удрил во Р.Т.(84), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и малолетникот и пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.