Свет
Лавров: Ќе го продолжиме дијалогот со Западот за безбедноста
Русија ќе го продолжи дијалогот со Западот за безбедносни прашања и е подготвена за одвоени разговори за нуклеарни ракети со среден дострел, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
По разговорите со полскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау, во Москва, тој ги отфрли информациите дека Русија планира инвазија на Украина нагласувајќи дека тоа е информативен тероризам.
Лавров посочи и дека разговорите за безбедносните барања на Русија во рамките на ОБСЕ би биле интересни, но таквата дискусија, според него, не може да биде замена за разговорите со САД и НАТО.
„Без каков било напредок со овие другите, разговорите со ОБСЕ би биле бесмислени“, рече Лавров по средбата со Рау.
Според руската агенција ТАС С, тој изјавил и дека САД и НАТО во своите документи дале позитивни одговори на некои руски безбедносни иницијативи, кои долго време ги одбивале.
„Западот, конечно, одговори кога сфати дека разговараме за потребата од радикални промени во областа на безбедноста. Одговорот на Западот беше позитивен на некои од иницијативите што тој долго време ги отфрлаше“, рече Лавров.
Тој изрази надеж дека отповикувањето претставници на одредени земји од специјалната мониторинг-мисија на ОБСЕ во Донбас е навистина поврзано со формални причини и дека мисијата нема да го повтори искуството на слична структура што оперира во Косово во 1999 година, пишува „Спутник“.
„Знаејќи дека земјите за кои станува збор, всушност, се во првите редови на овие информативни терористички информации, ненамерно ми паѓа на памет дека можеби имаат некои скриени мисли“, рече Лавров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот
Шокантни слики доаѓаат од Јадранското Море, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило големи количини отпад на брегот!
Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува од година во година.
Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се повторува со години, кога морето носи огромни количини ѓубре, најчесто од Албанија, на хрватските брегови и плажи.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки
Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“ на својот тим, додека државниот секретар Марко Рубио ги нарече американско-украинските разговори во Женева „многу позитивни“, инсистирајќи дека преостанатите точки „не се непремостливи“.
Во исто време, по состанокот на американските и руските претставници во Абу Даби, Вашингтон објави дека „Украинците се согласиле со мировниот договор“, и покрај „некои ситни детали што треба да се решат“, пишува Си-ен-ен.
Украински извор: Луѓето на Трамп ја разубавуваат реалната слика
Но, оптимистичката слика што ја презентира администрацијата на Трамп не ја одразува целосно реалноста, изјави висок украински извор со директно познавање на разговорите.
Иако изворот потврди дека е постигнат „консензус“ за повеќето точки во мировниот предлог на САД што протече минатата недела, тој нагласи дека сè уште постојат најмалку три клучни области каде што разликите се огромни – разлики што би можеле да го загрозат целиот мировен процес.
Територијалното прашање на Донбас
Првата голема пречка е чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи клучни територии во регионот Донбас што Русија ги анектираше, но сè уште не ги освои целосно. Ова се „појасот на тврдини“, низа силно утврдени градови клучни за безбедноста на Украина.
Според претходните предлози на САД, областа би станала демилитаризирана зона под руска контрола. Украински извор изјави за Си-ен-ен дека е постигнат „одреден напредок“ по ова прашање, но дека сè уште не е донесена конечна одлука.
„Би било многу погрешно да се каже дека сега имаме верзија што Украина ја прифатила“, додаде изворот.
Ограничување на армијата
Друго спорно прашање е предлогот на САД Украина да ја ограничи големината на својата армија на 600.000 војници. Извор во Киев потврди за CNN дека се дискутира за нов, поголем број, но дека Украина сè уште бара понатамошни промени пред да се согласи на такви ограничувања на сопствените вооружени сили.
We worked with the Ukrainian negotiating team today on the text of the document prepared with the United States in Geneva.
The principles in this document can be developed into deeper agreements.
It is in our shared interest that security is real.
I count on continued… pic.twitter.com/JtoR9eAzYH
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 25, 2025
Клучната „црвена линија“: членството во НАТО
Конечно, барањето Украина да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО останува неприфатливо за Киев. Извор изјави за CNN дека таквата отстапка би поставила „лош преседан“ и практично би ѝ дала на Русија право на вето врз одлуките на западниот воен сојуз „во кој таа дури и не е членка“.
Овие три прашања – предавање на територии, демилитаризација и трајно повлекување од членството во НАТО – се главните причини што ги наведува Кремљ за започнување на војната. Нивното решение во корист на Москва е клучниот руски услов за завршување на конфликтот.
Од друга страна, за Украина, ова се болни „црвени линии“ за кои се бореле и загинале десетици илјади нејзини војници. Формалното откажување од кој било од овие принципи е огромно барање и носи потенцијално големи политички ризици за украинското раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски.
Затоа, како и да го прикажува тоа администрацијата на Трамп, тешко дека станува збор само за „неколку преостанати точки на несогласување“ или „мали детали што треба да се средат“, заклучува анализата на Си-ен-ен.
фото: принтскрин
Свет
Колумбискиот претседател: Трамп не размислува за демократизација на Венецуела, туку за нафта
Колумбискиот претседател Густаво Петро во интервју за „Си-Ен-Ен“ изјави дека нафтата е во сржта на притисокот кој администрацијата на Доналд Трамп го врши врз Венецуела, а не борбата против трговијата со дрога.
Тој нагласи дека Венецуела не е значаен производител на дрога и дека преку земјата минува мал дел од глобалната трговија.
„Значи, станува збор за преговори за нафта. Верувам дека тоа е логиката на претседателот Трамп. Тој не размислува за демократизација на Венецуела, а уште помалку за пазарот на дрога“, продолжил тој.
Петро ги обвини САД за империјализам и анкциите воведени од администрацијата на Трамп ги оцени како политички мотивирани. И покрај тензии меѓу двајцата лидери, американските власти истакнуваат дека односите со колумбиските институции остануваат стабилни.

