Свет
Си-ен-ен: Путин е подготвен да преговара
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Си-ен-ен дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.
„Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија. Всушност, тој го иницира прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара“, рече Песков.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рече на Путин дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Илјадници луѓе се збогуваа со џиновските панди кои заминуваат од Токио на лекување во Кина
Две џиновски панди , кои живееле во зоолошката градина во Токио 13 години, денеска се вратиле на лекување во Кина , а илјадници луѓе се збогувале од нив пред нивното заминување.
Мажот Ри Ри и женката Шин Шин, двајцата на 19 години, пристигнаа во зоолошката градина Уено во Токио во февруари 2011 година и неодамна се лекуваа од висок крвен притисок во поодминати години, соопштија градските власти.
Пандите рано утринава го напуштиле претходниот дом и биле качени во авион за Кина, каде што ќе бидат сместени во огромен резерват за панди во југоисточната провинција Сечуан, каде што се родени.
Околу 2.000 луѓе, од кои некои цела ноќ чекаа во ред, вчера ја посетија зоолошката градина Уено за последен пат да ги видат своите миленици и да се збогуваат со нив.
За време на престојот во Токио, Шин Шин родила четири младенчиња.
Во светот има вкупно околу 1.600 панди, од кои само триесетина живеат во зоолошки градини надвор од Кина.
Свет
(Видео) Израел повторно го напаѓа Бејрут
Израелската војска соопшти дека извршила напад врз Бејрут, Либан.
Според очевидци на Ројтерс, се слушна силна експлозија, а од јужните предградија на градот се крена облак чад.
Израел рече дека нападот бил „прецизен“ и дека цел бил областа Дахиех.
Тоа беше истиот дел од градот каде што Израел го уби лидерот на Хезболах Хасан Насрала во петокот.
#Israeli military has carried out new air attacks on Lebanon, including #Dahiyeh, the southern suburb of the capital #Beirut. pic.twitter.com/tI1dqQbXIE
— WAR & CRIME WORLD NEWS (@WARCRIMENEWS) September 29, 2024
Свет
Телото на лидерот на Хезболах е извлечено од урнатините
Телото на лидерот на Хезболах Хасан Насрала е пронајдено, изјавија два извори за Ројтерс.
Медицински и безбедносни извор изјави дека „неговото тело е пронајдено недопрено“ на местото на израелскиот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут.
„Тој немаше директни рани и се чини дека причината за смртта е траума од тапа сила од силината на експлозијата“, велат тие.
Во моментов не е возможно независно да се проверат овие тврдења.