Свет
(Видео) Најмалку 18 загинати во поплави и лизгање земјиште во Бразил
Најмалку 18 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето и во поплави кога бранот обилни дождови стигна до планинскиот регион на државата Рио де Жанеиро во Бразил.
Надлежните стравуваат дека бројот на жртви може да биде уште поголем, а спасувачите од утрово интервенираат и ги проверуваат загрозените подрачја.
#Brasil. Bomberos trabajan en rescatar personas. Al menos 23 muertos en Petropolis, Río de Janeiro. Las imágenes me recuerdan a la tragedia de Vargas por la fuerza del agua que arrastra todo a su paso. https://t.co/WjuLLB2XDL
— Tamara Suju (@TAMARA_SUJU) February 16, 2022
Државната противпожарна служба доцна синоќа соопшти дека повеќе од 180 војници веќе оперираат во погодениот регион Петрополис, каде што стотици луѓе загинаа по катастрофалните поплави во 2011 година, пренесува АП.
Пожарникарите соопштија дека во областа Петрополис вчера наврнале 25,8 сантиметри дожд за три часа – речиси исто како и претходните 30 дена.
#Petropolispedesocorro #Petropolis #Brasil https://t.co/U8lVepXju6
— Arturo Valderrama (@ArturValderrama) February 16, 2022
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и во водата што се врти, како и порои што минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.
People fight for their lives as they are swept away by heavy rains in #Petropolis – #Brasil #Brazil #mostliked #Brazil #rain #chuva #Enchente #Rio #Floods #ClimateCrisis #ClimateEmergency #BRASIL #RioDeJaneiro pic.twitter.com/FxBjn9s6cF
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 16, 2022
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на „Твитер“ напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.
„Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, рече Болсонаро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

