Топ
Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп

Вчера, во 18 часот, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „волво“ со приклучно возило, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С. Л. (48) од Свети Николе, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д. К. (39) од Прилеп, и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д. Ј. (30) од Битола.
По несреќата, возачот Д. К. и сопатниците од неговото возило, П. К. (38) и малолетник, двајцата од Прилеп, биле пренесени во Општата болница во Кавадарци, каде што Д. К. починал, а кај сопатниците биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт.
Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А. Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело компјутерска измама.
Според информациите од МВР, А. Х., во периодот од 4.4.2025 до 13.6.2025, како одговорно лице на компанија што организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети овозможил електронско купување билети за концерт што воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите.
Од МВР најавија дека продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и на целокупниот интернет-простор, со цел превенција од повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.
Македонија
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат, донација од Јапонија

На Клиниката за детски болести денеска беше промовиран дигитален мобилен рендген-апарат, обезбеден со поддршка од Амбасадата на Јапонија.
„Станува збор за дигитален мобилен рендген-апарат, во вредност над 60 илјади евра. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената грижа за најмладите пациенти. Изразувам длабока благодарност до Амбасадата на Јапонија, а особено до амбасадорката Сецуко Кавахара за нејзиниот личен ангажман и за долгогодишната, пријателска и плодна соработка. Оваа донација е уште еден доказ за силното партнерство меѓу нашите две земји и за вистинската грижа на Јапонија кон градење отпорен и хуман здравствен систем“, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Бесим Мемеди.
Амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Сецуко Кавахара, потсети дека во рамките на заедничката соработка веќе се имплементирани над 70 проекти во здравствениот сектор и истакна дека поддршката за оваа клиника значи придобивка за пациентите од целата држава.
Воедно, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, се заблагодари за значајниот придонес за унапредување на здравствените услуги во оваа клиника како врвна терциерна установа, која годишно згрижува над пет илјади деца со најсложени здравствени состојби.
„Новата апаратура за нас претставува чекор напред во унапредување на здравствената грижа за најмладите пациенти“, рече Мемеди.
Топ
Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со шверц на цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.
Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел да направи примопредавање на цигарите во количина од 171 штека за што требало да му бидат исплатени кеш средства од 3.735 евра од нарачател на делото, истите се приведени од мобилен царински тим, а цигарите и девизите се запленети.
По преземени предистражни дејствија од Одделението за истраги, при што извршени се и претреси на домовите како и форензичка анализа на мобилните уреди на сторителите, поднесена е кривична пријава.
Истрагата покажа дека организираната мрежа на повеќе наврати го повторува делото – штеки цигари се купувани од грчки фри шоп и истите без да се пријават и за нив да се платат давачки, нелегално се внесувале во државата. Делото го вршат преку користење на товарно моторно возило – цистерна натоварена со нафта.