Спорт
Џовани Рејна ќе игра против човекот по кој го доби името
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џовани Рејна го познава тренерот на Глазгов Ренџерс, Џовани ван Бронкхорст цел живот и по него го доби името, а во четврток ќе биде на спротивните страни во мечот од Лига Европа.
Ренџерс гостуваат на „Вестфален“ во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа во прв судир на двата клуба од 1999/2000 во УЕФА купот. Ван Бронкхорст беше фудбалер во тој тим покрај Клаудио Рејна, кој го именуваше својот син по својот близок пријател со кого беа соиграчи на „Ајброкс“.

Тренерот на Дортмунд, Марко Розе вели дека Рејна го знае Ван Бронкхорст од времето кога „мочал во гаќи“.
„Средбата ќе биде убава, и навистина е кул кога нешто такво ќе се случи во фудбалот. Претпоставувам дека Џио ќе се обиде да му покаже на човекот по кој е именуван што научил овие години. Најверојатно се знаат од времето додека тој уште мочаше во гаќи. Но, и двајцата ќе сакаат да победат“, вели Розе.
Ван Бронкхорст вели дека е во постојан контакт со американскиот репрезентативец Рејна и неговото семејство.
„Јас играв со неговиот татко Клаудио и уште сум добар пријател со цело семејство по сите овие години. Тој дојде да тренира во Холандија со нашата младинска екипа во Феенорд, така што беше во нашата куќа и му помогнавме да стане вистински фудбалер. Се гледаме барем едаш годишно бидејќи имам посебна врска со семејството Рејна“, вели Ван Бронкхорст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Го немаше 580 дена во Евролигата, одигра 76 секунди и повторно се повреди
Кинан Еванс, плејмејкерот на Олимпијакос, дефинитовно е најголемиот малер во европската кошарка. Американецот по 580 денови пауза, за врати на теренот во Евролигата, дебитираше во елитното натпреварување за Олимпијакос, се повреди и ја заврши сезоната.
Кинан Еванс, минатата недела го одигра првиот меч за Олимпијакос, откако пред речсии две години пристигна од Жалгирис. Одигра 19 минути и постигна 15 поени против Кардитса.
Во средата, во отсуство на повредениот Френк Ниликина, Еванс доби шанса од Јоргос Барцокас.
Кога влезе на теренот, доби овации од домашната публика, но по само 76 минути игра се повреди.
Можеше да се прочита од неговите усни дека рече „Неверојатно“. Сите во арената „Мир и пријателство“ беа во шок. Со помош на соиграчите излезе од теренот и веднаш замина во соблекувалната.
Олимпијакос по завршувањето на натпреварот потврди дека Еванс ја заврши сезоната. Против Жалгирис ја скина Ахиловата тетива.
Keenan Evans has suffered a rupture of his left Achilles tendon.
We’re all with you, Keenan — stay strong and come back even stronger! ❤️#OlympiacosBC #WeAreOlympiacos #TogetherWeFight pic.twitter.com/adxFDWZtI6
— Olympiacos B.C. (@Olympiacos_BC) November 12, 2025
Спорт
Драма во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Пик Сегед
Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Лигата на шампиони. Во седмото коло, во Битола, македонскиот првак го победи Пик Сегед со 25:24.
Одбраната на Пелистер, особено во првиото полувреме, на крајот беше клуч за победата. Блескаа зелените, во дефанзивата, во првите 15 минути му дозоволија Сегед да постигне само два гола, до крајот на првиот дел уште шест, па по 30 минути игра Пелистер имаше водство 11:8.
Вториот дел, во речиси целиот тек беше драматичен. Сегед се врати во натпреварот, во 36-та минута резултатот беше изедначен, а пет минути подоцна Унгарците прв пат на мечот поведоа (13:14).
Сегед имаше предност до 52-та минута, кога со два гола на Цехте и еден на Митревски, Пелистер повотрно стекна водство од два гола (22:20). Но Унгарците уште еднаш одговорија со серија од три гола. Пешевски два пати успеа да изедначи во последните три минути.
Во последната минута, Готфридсон направи грешка во чекори, а Радивојевиќ од пенал ги постави конечните 25:24.
Играчот на натпреварот Жарко Пешевски со седум гола од толку обиди го предводеше Пелистер, капитенот Кузмановски постигна четири.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Табела:

Спорт
Кошаркарките со победа стартуваа во квалификациите за Европското првенство
Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минималнаа, но голема победа над селекцијата на Данска 79:78.
Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.
Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика (18:13), но им дозволија на гостинките од Данска со серија од (8-0) да го преземат водство, на истекот на првата четвртина имаа (21:18).
Во воедните де минути од втората, нивната позтива изнесуваше и највисоки девет поени (29:20),
Но Македонија ја имаше расположената Хемпе, која во тој дел од играта делуваше незапирливо. По нејзиниот 16.поен, намаливме на (29:33), а потоа на теренот во СРЦ „Кале“, и тоа во вистинско време се „појави“ и Илина Селцова. Како наш втор голем адут во фазата на нападот. По нејзината серија на поентирање во која собра дури 12.поени, во последната минута од првото полувреме, Македонија одново водеше, со (39:37), но првиот дел заврши со предност на Данска (39:40).
Хемпе и Селцова искомбинираа 28 од 29 поени на Македонија во тие 20.минути во кои, интересно, капитенот Митрашиновиќ беше без поени, но имаше шест успешни додавања.
Без промени, и во играта, а и низ резултатот се играше и во вториот дел. Двете репрезентации се менуваа во водството, но ниту една не направи некоја посериозна предност. Македонија имаше плус од три поени (51:48), по поентирањето на Стојановска (нејзин 10.поен), момент од 25.минута, но не и нешто повеќе од тоа.
Имавме постојано водство и во последнито период од европската премиера. Највисокото на три минути пред крајот, кога капитенот Митрашиновиќ постави на семафорот скор (74:68), но Данска се доближи на (76:77), кога до крајот останаа да се доиграат 68.секунди.
При резуллтат (79:78) Данска имаше 12.секунди да дојде до победата, Македонија успеа да се одбрани и да слеви голема победа.
За три дена, исто така во Скопје, во второто коло Македонија ќе ја пречека Грција.
Izvor/ https://mkd.basketball

