Црна хроника
118 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.2.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 40 на територијата на СВР Скопје, 18 на територијата на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 184 други видови сообраќајни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полиција приведе жена, пијана туркала предмети на бензинска
Полиција приведе жена која туркала предмети на бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 06:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К.(28) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на бензинска станица во Кавадарци го нарушила јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување кон вработените, туркала предмети во објектот на бензинската станица, а по доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе била поднесена соодветна пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток
Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.
По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

