Црна хроника
Приведен 26-годишен скопјанец, кој крадел во Аеродром и Драчево
Полицијата приведе 26-годишен скопјанец, кој признал дека извршил неколку кражби на територијата на Аеродром и Драчево.
Според информациите, А. С. бил уапсен на 15.2.2022 околу 16 часот затоа што бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ по што бил приведен во полициска станица. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен. На 14.2.2022, на улицата Ѓорѓи Капчев, одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д. И. (29) од Скопје. Истиот ден (14.2.2022) на улицата Методија Шаторов-Шарло одзел предмети од возило „фолксваген лупо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М. Д. (27) од Скопје. А на 15.2.2022 на булеварот Видое Смилевски-Бато извршил тешка кражба од лицето Р. Л. (27) од Скопје.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

