Регион
Милановиќ: НАТО доволно се прошири кон исток, доста е

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека е против проширување на НАТО каде било и дека ќе се спротивстави додека е на оваа позиција.
„Доволно е проширување на НАТО. Проширувањето на НАТО е фигуративен напад. Додека јас сум претседател, ќе бидам против НАТО да се прошири каде било“, рече Милановиќ.
Тој изјави дека го оправдува рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека тој што се залага за проширување на НАТО во Украина го загрозува хрватскиот интерес. Бидејќи сме во НАТО, утре некој може да испрати наши луѓе. Путин е постар човек, ќе си замине. Русија нема да замине. Во еден момент треба многу да се каже, каде е крајот на НАТО“, рече тој.
Милановиќ ги праша новинарите дали ќе преземат одговорност и дали ќе го испратат своето дете таму.
„Откако ќе се обврзете, нема враќање назад. НАТО доволно дојде на Исток, доста е“, јасен е хрватскиот претседател.
Тој посочи дека тоа што го кажува денеска го зборува во здрав разум, од искуство, како хрватски претседател.
Милановиќ рече дека Украина повикува на смирување на тензиите и гледаме, вели тој, како се уништува сиромашна земја со разгорување паника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб, на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.