Естрада
„Фрајле“ го промовираа новиот албум и новата соработка со Тијана Дапчевиќ

Невена, Јелена, Марија и Наташа, новосадскиот бенд познат како „Фрајле“ (The Frajle) неодамна го објавија новиот албум, продолжувањето на хуманитарната соработка со Здружението „Сѐ за неа“, но и новата соработка со Тијана Дапчевиќ на песната „Животе крени“.
Со албумот „B strana ljubavi“, во издание на „Аквариус рекордс“, „Фрајле“ повторно направија чекор напред, донесоа нов звук, песни на шпански и француски и сѐ тоа низ соработките со Анте Гело, Алка Вуица, Горан Каран и Мањифико. Продуцент на албумот е Војислав Аралица. Со овој албум, „Фрајле“ ја продолжуваат и својата хуманитарна мисија помагајќи на здружението „Sve za nju“ и на жените заболени од рак, за кои одвојуваат голем дел од средствата од продажбата на новиот албум.Во рамки на минатогодишната акција и соработка со „Фрајле“, преку продажбата на нивниот албум „Мени требаш ти“ собрана беше значтелна парична сума за финансирање на работата на Центарот за психолошка поддршка на жените заболени од рак. За пет месеци беа продадени 4.413 примероци што е респектабилна количина на продажба во денешно време. „Фрајле“ покажаа дека не случајно постигнаа ваков успех. Толкав број на продадени примероци во Хрватска ги стави во категоријата на пет најбарани изведувачи за минатата година во оваа земја.По три студиски албуми, голем број соработки со различни уметници и колеги од музичката сцена, „Фрајле“ (The Frajle) имаат и прв студиски дует. Тие гостуваат на новиот сингл на Тијана Дапчевиќ насловен „Животе крени“.Урбаниот хумор на Тијана и „Фрајле“ и мелодијата која ве тера да заиграте уште на првиот такт ги споија овие девојки за песната „Животе крени“ да ја изведат на најдобар можен начин. Тијана, својот последен албум „Музика“ го објави во 2010 година, во меѓувреме објави и неколку синглови, па оваа соработка е една од најавите на новиот албум кој таа го подготвува.„Тијана е прекрасен уметник, духовита и своја. На снимањето супер се забавуваме. Песната веќе ја изведувавме претходно на концертите во Сава Центар и Српскиот народен театар, а публиката прекрасно реагираше. Песната е една боемска молба во која се вткаени прашањата на денешницата, музичката ситуација во Србија. Прашањата се озбилни, но ние ги поставуваме на еден шеговит и кроток начин“, коментираат „Фрајле“ за соработката со Тијана, на песната која веќе ја освои публиката.Тијана со неколку реченици на свој духовит начин го искажа своето видување за песната:„Новата песна која јас и ‘Фрајле’ ја подготвивме за сите вас е песна за сите нив. Кога велам ‘нив’, мислам на оние кои се повикани во песната, а тоа секако не е никој од нас, ниту вас, бидејќи никој нема да помисли дека песната е баш за него. Бидејќи песните не обрнуваат многу внимание на тоа кој ги пее, тоа и престанува да биде важно. Тие служат да бидат тука. Тоа им е работа. А на сите нас ни е работа да си допуштиме да не сме на работа. Да уживаме. Да молчиме. Да зборуваме. Да танцуваме. Први да се јавиме. Да не се јавиме воопшто. Да ја искулираме нервозата. Стоката да ја испратиме во… прошетка. Да пееме. Да наточиме уште една. И повторно да пееме. Секогаш да пееме“, вели Дапчевиќ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм
Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.