Спорт
Агуеро ќе биде дел од стручниот штаб на Скалони

Серхио Кун Агуеро објави дека ќе биде дел од аргентинскиот тим на Светското првенство во Катар. Агуеро, пред време ја заврши кариерата, поради проблеми со срцето.
И покрај тоа што му пропадна можноста во Катар да патува како играч, како сега стојат работите тој на Мундијалот ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот Лионел Скалони.
„Одам на СП во Катар. Сакам да бидам таму, неделава ќе има состанок на оваа тема. Идејата е да се вклучам во работата на тренерскиот тим. Веќе разговарав со Скалони и Талија“, истакнал Агуеро.
Серхио Агуеро во кариерата одиграл 101 натпревар за Аргентина, постигнал 41 гол.
? #EXCLUSIVO | "Cuando arranqué con el stream la gente me empezó a conocer más", @aguerosergiokun mano a mano con @rialjorge en #Argenzuela
? https://t.co/9XbegTA5YX pic.twitter.com/ptXSNN1Rbx
— Radio 10 – AM 710 ? (@Radio10) February 18, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA
Спорт
Сити и Премиер лигата постигнаа договор околу договорите за спонзорство

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство.
Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални.
„Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение.
Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против аспекти од прописите на лигата по тужба поднесена од клубот.
Правилата беа воведени од Премиер лигата за да се спречат клубовите да профитираат од комерцијални договори со компании поврзани со нивните сопственици, за кои се смета дека не се во согласност со фер пазарните вредности.
Во ноември 2024 година, мнозинството клубови од Премиер лига гласаа за усвојување на амандманот на APT, и покрај противењето на Сити.
Оваа судска одлука не е поврзана со онаа за 100 обвиненија против Сити за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот ги негира обвинувањата.
Фото/ Принтскрин