Спорт
Милан подготвиле нов договор за Ибрахимовиќ

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, подготвил нов договор за Златан Ибахимовиќ.
На „Сан Сиро“ се задоволни од она што го прикажува фудбалерот, кој во октомври наполни 40 години. Сепак, свесни дека често отсуствува поради повредите, му нудат нов договор со помала плата.
Според актуелниот договор, Ибрахимовиќ заработува 7.000.000 евра годишно, во новиот договор предвидената плата е 3.000.000 евра плус 2.000.000 евра, преку разни клаузули, кои ќе се активираат според учинокот (одиграни натпревари, постигнати голови…).
Ибрахимовиќ во досегашниот дел од сезоната, во Серија А одиграл 15 натпревари, на кои постигнал осум гола.
Милан се први во Серија А, со бод повеќе од Интер и два од Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA
Спорт
Сити и Премиер лигата постигнаа договор околу договорите за спонзорство

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство.
Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални.
„Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение.
Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против аспекти од прописите на лигата по тужба поднесена од клубот.
Правилата беа воведени од Премиер лигата за да се спречат клубовите да профитираат од комерцијални договори со компании поврзани со нивните сопственици, за кои се смета дека не се во согласност со фер пазарните вредности.
Во ноември 2024 година, мнозинството клубови од Премиер лига гласаа за усвојување на амандманот на APT, и покрај противењето на Сити.
Оваа судска одлука не е поврзана со онаа за 100 обвиненија против Сити за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот ги негира обвинувањата.
Фото/ Принтскрин