Свет
САД ги очекува снежно невреме и температури до минус 30 степени

Големо снежно невреме ќе ги зафати САД во следните 24 часа, па температурите на места ќе отидат и до 30 степени под просекот, предупредија денеска метеоролозите.
Постои ризик од обилен снег, дожд и силно невреме, од сојузната држава Тенеси до Охајо, во периодот од понеделник до среда, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS), пренесува „Скај њуз“. Некои градови ќе бидат во поларна арктичка клима во следните 48 часа
Во твитот се наведува дека „комбинацијата од снег и леден дожд може да дојде во два брана во одредени региони“, како и дека снежната бура може да предизвика и до 2,5 сантиметри снег на час.
Температурите ќе бидат од 20 до 30 степени под просекот во северноамериканските држави“, посочува NWS.
Температурата во Денвер во неделата беше 16 степени, но утре ќе се спушти до минус 12, додека во Рапид Сити во Северна Дакота температурата ќе се спушти од четири степени до минус 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.
Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.
Свет
Цистерни со нафта излетаа од шини на железничката пруга Ваљево – Косјериќ

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.
Според информациите, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.
Локалните портали јавуваат дека екипи се на терен и се очекува официјално соопштение од надлежните органи за причините и можните последици од инцидентот.
Свет
Израелските воздухопловни сили нападнале околу 140 цели во Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека изминатиот ден израелските воздухопловни сили нападнале околу 140 цели во Појасот Газа, вклучувајќи згради што ги користат терористичките групи.
Нападите се случуваат во време кога копнените трупи од три дивизии на ИДФ продолжуваат да напредуваат во градот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Армијата соопшти дека трупите на Голанската бригада на ИДФ во еден инцидент во Газа забележале ќелија од пет борци на палестинското милитантно движење Хамас, кои испукале ракета RPG кон зградата каде што биле стационирани израелските сили, и дека тие возвратиле на нападот.