Македонија
Кривична за охриѓанката што повика да се запалат Евреите сосе хотел

Охридската полиција ќе поднесе кривична пријава за 38-годишната охриѓанка (В. С.), која повика на палење на Евреите кои престојуваат во Охрид.
Како што информираа од МВР, при разговорот В. С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја објавила содржината, а денеска самата ја избришала.
„Денеска (22.2.2022), полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В. С. (38) од Охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа ‘Фејсбук’ објавила содржина со која извршила кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, казниво по член 394-г од Кривичниот закон. При разговорот В. С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја објавила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот, до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од Кривичниот закон“, велат од МВР.
Полицијата уште вчера доцна попладнето почна со преземање активности за да ја пронајде охриѓанката откако таа напиша: „Море, не само сектата, запалете го и хотелот сосе сектата“.
Ова е прва реакција и кривична пријава откако Евреите, кои во Македонија ги нарекуваат сектата Лев Тахор, се прогонувани во Куманово, Скопје и во Охрид. Некои од видеата што се објавувани од нив на социјални мрежи, иако тие барале да не бидат снимани – сега се избришани. Во сите три градови во кои престојуваа тие се непожелни гости. На социјалните мрежи постојат заговори за нивната религија, кои се непотврдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Болницата „Систина“ кадешто се лекуваше Панчо изрази длабоко сочувство со семејството, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
Македонија
Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.
„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.
Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.
„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.
Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“
„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“
Македонија
Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и успеавме да направиме еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедија и 3Д анимација којашто ќе можеме да ја погледнеме.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.