Црна хроника
Пресечен меѓународен канал за шверц со оружје
Пиштоли, пушки, бомби, рачни бомби, муниција, панцири, нишански направи за орудие заплени синоќа полицијата во акцијата „6.35“ за разбивање на меѓународна мрежа за криумчарење на оружје
Деветчлена група од тетовско повеќе од една година не само што препродавала и набавувала оружје, туку го модифицирала во огнено и потоа го препродавала на македонскиот пазар, на црните пазари во регионот, но и во Европската унија.Имено, криминалната група набавувала пиштоли за звучна и светлосна сигнализација од турско производство, при што дел од членовите на групата во импровизирана работилница во село Џепчиште, вршеле адаптирање на пиштолите во огнено оружје со калибар 6.35 по што дел од оружјето го продавале.Во Македонија цената изнесувала од 100-150 евра за парче, а на пазарите во регионот и во Западна Европа ги продавале од 300-500 евра за парче.Полицијата синоќа околу 19:30 часот на патниот правец Тетово – Скопје во автомобил кај наплатната рампа „Глумово“ во „Голф 2“ открила големо количество на оружје и уапсила четири членови на криминалната група.„При извршениот преглед на возилото, пронајдени се 120 пиштоли сместени во пластични кеси сокриени зад украсните пластики под задните прозорци. Од страна на Службата возилото со потврда за одземени предмети е одземено, а лицата се приведени во Полициска станица заради вршење на информативен разговор“ рече Јанкулоска.Со цел расчистување на случајот и пронаоѓање и на други инволвирани лица, нешто подоцна на влезот на Скопје од правец на Тетово, сопрено е „БМВ 325 Караван“ исто така со скопски таблички, во кое се наоѓале две лица, од кои за едното беа обезбедени докази дека е купувач на претходно пронајдените 120 пиштоли. И овие две лица биле приведени и однесени во полициска станица.Потоа во текот на ноќта на патниот правец Гостивар – Тетoво, сопрен е „Пасат“ со тетовски регистерски таблици со кој што се превезувале две лица, од кои едниот бил купувач на оружјето.Во село Џепчиште пак, во непосредна близина на неговата куќа лишен е од слобода членот на групата, кај кого се преработувало оружјето.При претрес во неговиот дом, при пронајдена е импровизирана работилница опремена со алат за изработка и преправка на оружје, поголема количина на резервни делови за огнено оружје, како и поголема количина оружје, 22 пиштоли, 4 револвери, 6 пушки, 4 бомби, 7 рачни бомби, околу 600 парчиња муниција од различен калибар, 2 панцира, нишански направи за орудие, оптички нишани и други делови од воена опрема, алат за изработка и преправка на оружје.Против сите лица ќе биде поднеса кривична пријава за Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

