Црна хроника
Кривични пријави против тројца Пакистанци за криумчарење мигранти
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера поднесе кривична пријава против Д.А. (21), М.А. (18) и Б.Р. (35), сите од Пакистан, за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти.
Поради ова, од страна на судија на претходна постапка на трите лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово, Регионален Центар Југ и Регионален Центар Север, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ОЈО Куманово, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на три лица илегални мигранти кои на 24.02.2022 во улога на водичи, со цел стекнување на противправна имотна корист, пренеле шест лица илегални мигранти по потекло од Индија преку српско-македонската граница до м.в.Табла (локација помеѓу с.Богородица-с.Стојаково, Гевгелија), со цел нивно понатамошно превезување и префрлување преку македонско-грчката граница со крајна дестинација државите на ЕУ. Лицата по претходен договор за сума од 1000 евра по лице, ги прифатиле лицата илегални мигранти во непосредна близина на Белград, Р.Србија, илегално ги пренеле истите преку српско-македонската гранична линија пеш, од каде организирале повторно префрлување на истите со возило до гевгелискиот регион, со цел понатамошно илегално префрлување во Република Грција“, се наведува во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

