Македонија
Градоначалникот на општина Гази Баба ги демантира СДСМ: Наводите се невистинити
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес-конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните.
„Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година. За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, ниту на Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизијата“, стои во официјалниот демант.
„Ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се информира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа како за време на целиот негов мандат примал ревизорски извештаи на кој е потпишано лицето Добри Петров како овластено лице кое вршело ревизија во име на општина Гази Баба на јавните установи. Во прилог на демантот доставуваме потпишани ревизорски извештаи од спроведена ревизија во периодот на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ“, се појаснува во напишаното.
Според нив општина Гази Баба се гради и менува и следуваат години на напредок и развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

