Скопје
Моден викенд Скопје на тема „Да живеат осумдесeттите !“
Деновите од 1 до 4 април годинава се резервирани за тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува под мотото „Да живеат осумдесеттите!“, кај стариот домаќин на настанот – салонот „Порше Македонија“.
Деновите од 1 до 4 април годинава се резервирани за тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува под мотото „Да живеат осумдесеттите!“, кај стариот домаќин на настанот – салонот „Порше Македонија“.
Модното случување за сезоната пролет/лето 2016 година, ќе се одвива во духот на осумдесеттите години на минатиот век во кои започнаа револуционерните промени во модната индустрија. Ликот од визуелниот имиџ на новата сезона кој го потпишува графичкиот дизајнер Дејан Зафировски е всушност илустрираниот лик на Ирина Илиевска, една од најпознатите манекенки кај нас во осумдесеттите. „Осумдесеттите се годините кога облеката е инспирирана од односот меѓу модата и општеството. Декада кога на модата и се отвораат вратите во уметничките галерии, клубовите, театрите и период кога модата станува се „погласна и го зазема своето место“. Годините на силните бои, силните амбиции кај жените и мажите, Мадона, Вивиен Вествуд и Берлинскиот ѕид. Новите генерации се повеќе ја оживуваат естетиката на социјализмот во гардероберите, мебелот, омилените кафулиња, животниот стил, а Моден викенд Скопје стариот стил на осумдесеттите ќе го преоблече во нова сезона“, велат организаторите. Генерален покровител на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Пелистерка“, официјален мејкап партнер „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски, а официјален партнер за фризура „Lakme“. Четиридневното случување и овојпат ќе го одбележат голем број на ревии од домашни дизајнери./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

