Свет
Џонсон: Нема да се бориме против руските сили во Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на посетата на Естонија порача дека нема да се борат против руските сили во Украина.
„Тоа не се ништо друго туку одбранбени мерки, кои се суштината на НАТО повеќе од 70 години. Сакам конечно да бидам кристално јасен по ова прашање, нема да се бориме против руските сили во Украина и нашите засилувања, како овие засилувања овде во Тапа, се цврсто во границите на членките на НАТО и тоа е сосема исправна работа“, рече Џонсон.
Суспензијата на Русија од Советот за безбедност на ОН е тешко да се спроведе.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека суспензијата на членството на Русија во Советот за безбедност на ОН е тешка задача, со оглед на спецификите на таа организација.
„Навистина е тешко да се направат какви било промени во структурите на ОН без гласање. Русија има право на вето во Советот за безбедност. Не можеме да ги промениме правилата без согласност на Русија“, рече Џонсон на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и естонскиот премиер Каи Калас во Талин, пренесува „Интерфакс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.