Европа
(Видео) Бајден направи нов гаф: Украинците станаа Иранци
Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на годишното обраќање пред Конгресот за состојбата на нацијата направи гаф што ги разбранува социјалните мрежи. Зборувајќи за ситуацијата во Украина, тој ги помеша Украинците со Иранците, пишуваат медиумите.
„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои душите и срцата на иранскиот народ“, рече Бајден веројатно мислејќи на украинскиот народ.
Kamala silently wording "ukrainian", wondering why this big dope is the president and not her.
Meanwhile Iranian people are wondering why is Putin after them now. #Biden pic.twitter.com/2JvJTzi6VO
— Rinda (@Yunii_que) March 2, 2022
На социјалните мрежи набргу се појави видео на кое се гледа како потпретседателката на САД, Камала Харис, во моментот на гафот на Бајден стои зад него тивко кажувајќи „украински“.
На социјалните мрежи се појавија и коментари во кои корисниците прашуваат: „Што, по ѓаволите, рече?“
Biden: “Putin will never gain the hearts and minds of the Iranian people!” What the hell is he talking about ?! ??♀️?♀️?
— Ginger’s Page ?? (@GingersPage) March 2, 2022
Ова е само еден во низата гафови на Бајден, а тој самиот еднаш за себе рече дека е машина за гафови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.