Европа
Зеленски: 6.000 Руси загинаа, не може да нѐ победат со нивните бомби и ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на украинската јавност на седмиот ден од инвазијата.
Тој рече дека речиси 6.000 руски војници биле убиени во шест дена од рускиот напад на Украина.
„Имаме повеќе единство во последните седум дена отколку во последните 30 години. Овој пат сме како едно. Се сакаме и си помагаме“, рече Зеленски.
Тој тврди дека Москва има намера да ја избрише украинската историја. Спомна руски проектил што паднал во близина на споменикот на жртвите на холокаустот во Киев.
„Вчера некои од нас повторно загинаа со ракетен напад врз споменикот на холокаустот во Бабин Јар. Каков човек цели кон нешто такво“, запраша Зеленски.
„На руските војници им е наредено да ја избришат нашата историја, нашата земја, сите нас“, додаде тој.
Тој особено им се обрати на Евреите во светот.
„Сега им се обраќам на сите Евреи во светот. Не гледате ли што се случува? Нацизмот се раѓа во тишина. Затоа викајте за убивање цивили!, рече Зеленски, кој исто така има еврејско потекло.
Тој рече дека Русија не може да ја добие оваа војна со бомби, удари и со проектили.
„Украинците денес се симбол на непобедливост. Симбол дека луѓето во која било земја во секое време може да станат најдобри луѓе на земјата. Слава на Украина!“, изјави украинскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.