Спорт
Свитолина ја победи Потапова: Сѐ што ќе заработам овде ќе оди за украинската армија
„Бев во мисија за својата земја“, изјави Елина Свитолина по победата над Анастасија Потапова во првото коло на турнирот во Монтереј.
Облечена во боите на Украина, жолта маичка и сино здолниште, Свитолина ја декласира Потапова со 6/1, 6/2.
„Сѐ што ќе заработам ќе оди за армијата, благодарам за поддршката“, изјави 15. тенисерка на ВТА-листата.
Свитолина ден пред мечот размислуваше да го бојкотира во знак на протест против руската инвазија врз Украина. Таа во понеделникот предупреди дека нема да игра против тенисерките од Русија и Белорусија доколку тие не играат под неутрално знаме.
АТП и ВТА потоа објавија дека Русите и Белорусите може да се натпреваруваат, но без државните обележја.
Свитолина во второт коло ќе игра против Бугарката Викторија Томова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Данска и Словенија одиграа без победник
Словенија и Данска одиграа без победник 1:1 (0:1) во првиот меч од Ц групата на Европското првенство. Ова е прв нерешен резултат на првенството и воедно прв натпревар на кој беа постигнати помалку од три гола.
Натпреварот на стадионот во Штутгарт, според квалитетот, беше најслаб од почетокот на турнирот. Данска доминираше и играше подбро во првиот дел, а Словенците издоминираа во последните 25 минути од натпреварот.
Данците во 17.минута ја одиграа најубавата акција на мечот, Винд му асистираше на Ериксен на кого не му беше тешко да го совлада Облак. Ериксен постигна гол на ЕП точно 1.100 дена откако доживеа срцев удар на последниот континентален турнир.
Словенците во првиот дел се определија да го бранат својот гол, ретки беа нивните напади, а Шпорар имаше шанса да постигне гол.
Клучниот момент на натпреарот се случи во 66.минута кога Облак го одбрани ударот на Хојлунд и спречи водство на Данска 2:0.
Од тој момент Словенците тргнаа во офанзива. Се редеа шансите пред голот на Шмајхел. Два пати не успеа Шпорар, Шешко со страотен удар од 25 метри ја погоди стативата, а во 77.минута изедначи Јанжа со мала помош на Јумланд.
Спорт
(Видео) Срби и Англичани се тепаа во Гелзенкирхен
Навивачите на Србија и Англија физички се пресметаа низ улиците на Гелзенкирхен во пресрет на натпреварот на Европското првенство.
На видеата кои се шират по мрежите се гледа дека навивачите фрлаат предмети од кафулињата.
Германската полиција мораше итно да реагира и релативно брзо ја стави ситуацијата под контрола. Искршени се неколку излози и градини.
И додека еден дел од странските медиуми пишуваат дека се работи за пресметки меѓу англиски и српски навивачи, „Билд“ јавуваат дека биле вмешани и албански навивачи.
Искршени се неколку излози и градини.
Натпреварот ќе започне во 21 часот.
I have arrived to Gelsenkirchen ❤️ pic.twitter.com/6eOQVAw0Ay
— Diego | It’s coming home 🏴 (@DiegoNUFC) June 16, 2024
Liebe Grüße aus Gelsenkirchen#EURo2024 pic.twitter.com/3jQ012qmTQ
— slevin 🥷🏼 (@DieserOnkel) June 16, 2024
Just arrived in centre of Gelsenkirchen and a large group of hooded face-covered locals attacked a load of Serbian fans outside a bar!
Hundreds of England fans including kids eating and drinking yards away, totally uninvolved!
Lively start to the day! pic.twitter.com/7mn0DAzIPS
— Simon Clare (@SiClare) June 16, 2024
Спорт
(Видео) Џокерот Вегхорст за триумф на Холандија над Полска
Холандија со победа го започна Европското првенство во Германија. „Лалињата“, со пресврт ја победија Полска во Хамбург со 2:1 (1:1).
Холанѓаните, многу тешко дојдоа до првата победа на ЕП, најмногу по своја вина, бидејќи не знаеја да ги реализираат своите шанси.
Буска ги шокираше Холанѓаните во 16.минута, а изедначи со многу среќа Гакпо во 29.минута. По ударот на Гакпо топката го закачи Саломон го смени правецот и заврши зад грбот на одличниот Шчесни.
Холанѓаните во првиот дек не реализираа три одлични шанси преку Гакпо, Депај и Рејнедрес.
Во второто полувреме јасна беше определбата на Полска да го ува нерешениот резултат. Холандија се обудуваше но немаа интензитет во играта каков што имаа во првото полувреме.
Џокерот на селекторот Куман го реши мечот во 83.минута. Напаѓачот на Хофенхајм нецели две минути претходно влезе на теренот.
До крајот Полска можеше до 2:2, но победата ја сочува голманот Вербруген кој брлијантно го одбрани ударот на Свидерски во 89.минута.