Спорт
Савичевиќ со поддршка за руските фудбалери: Гледам дека се повторува 1992 година

Прославениот црногорски фудбалер Дејан Савичевиќ во интервју за „Ла Република“ рекол руските спортисти не треба да бидат жртви на одлуките што ги носи претседателот на државата и дека казните што ги добиваат се премногу строги.
Савичевиќ истакнал дека најмногу трпат спортистите и покрај тоа што не се виновни. Тој во интервјуто се присетил на санкциите што ѝ беа изречени на Југославија во 1992 година поради што беше дисквалификувана од Европското првенство во Шведска.
Данска тогаш влезе на местото на Југославија и на крајот сензационално ја освои европската титула.
„Спортистите не се виновни. Југославија ова го доживеа во 1992 година“, рекол Савичевиќ.
Тој дополнил дека не ја брани Русија и одлуката на претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина.
„Не го бранам Путин, на своја кожа почувствував како е да те исклучат поради некакво политичко решение. Играњето натпревар е порака на мир. Руските фудбалери немаат врска со одлуката на Путин, како што немавме ние никаква врска со војната во Југославија пред 30 години. Гледам дека се повторува ситуацијата која етапно во 1992 година ја доживеаја младите играчи што добро ги познававте во Италија: Михајловиќ, Југовиќ, Мирковиќ, Ковачевиќ, Мијатовиќ, Саво Милошевиќ. Како фудбалер ми беше одземена можноста да играм на три големи натпреварувања – Европските првенства во 1992 и 1996 година и Светското првенство во 1994 година. Тоа ми беше одземено без причина, само поради политиката, која нема врска со спротот“, порачал Савичевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Антонио се врати на теренот по ужасната сообраќајна несреќа

Мајкл Антонио, репрезентативец на Јамајка, се врати на теренот по сериозната сообраќајна несреќа во која беше вклучен кон крајот на минатата година.
На 7 декември, Антонио се удри со своето Ферари во дрво недалеку од Лондон, а во несреќата ја скрши бутната коска на четири места.
Тој исто така рече дека лекарите му рекле дека закрепнувањето ќе трае од шест до 12 месеци, а тој се вратил на фудбалот многу побргу.
Антонио влезе во игра во 85-та минута, но не можеше да го спречи поразот на карипската селекција во првото коло од Голд Купот против Гватемала (0:1).
Стрелец на единствениот гол беше Оскар Сантис.
Антонио одигра повеќе од 300 натпревари за Вест Хем откако пристигна во 2015 година од Нотингем Форест.
Неговиот договор со „Чеканите“ истекува на 30 јуни, и засега не е познато дали ќе остане во Лондон.
Спорт
(Видео) Најлудиот меч на клупскиот мундијал, четири гола и три црвени картони

Дуелот помеѓу Бока Јуниорс и Бенфика на Светското клупско првенство заврши без победник, 2:2 откако португалскиот тим надополни негатива од два гола. Натпреварот го обележаа нападот врз судијата и три црвени картони.
Во судиското продолжение во првото полувреме, судијата Сезар Артуро Рамос Палазуенос, доби повик од ВАР собата да погледне спорна ситуација пред голот на Бока и да провери дали има елементи за пенал за Бенфика.
Во тој момент, тој беше нападнат од Андер Ерера. Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед, претходно беше заменет поради повреда. Редарите мораа да реагираат за да спречат физичка пресметка.
LO TUVIERON QUE AGARRAR 😯
El motivo por el que fue expulsado Ander Herrera #FIFACWC@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/ga7t4WcLr0
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 16, 2025
Ерера беше исклучен, Бенфика доби пенал, а Анхел Ди Марија го намали резултатот на 2:1.
Во 70-та минута, Бенфика остана со играч помалку бидејќи Андреа Белоти доби директен црвен картон. Копачката на Италијанецот заврши во главата на играчот на Бока, Коста.
¡A LA CALLE! 🟥 La patada de Belotti en la cabeza de Ayrton Costa por la que vio la tarjeta roja 📺@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop #TakeItToTheWorld
🔗 https://t.co/gb1AMHxmwO pic.twitter.com/v6T0ZrsAlU
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 16, 2025
Во 88.минута црвен картон, проади груб старт доби и фудбалерот на Бока јуниорс Фигал.
Спорт
Тренерот на Црвена звезда го затвори својот профил поради закани од навивачи

Кошаркарите на Црвена звезда ја завршија сезоната 2024/2025 со поразот од Спартак во вториот натпревар од полуфиналната серија во домашниот шампионат. Елиминацијата на црвено-белите е сензационална бидејќи, актуелниот првак, прв пат по 14 години не успеа да се пласира во финалето.
По елиминацијата, тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, го деактивирал својот профил на социјалната мрежа „X“.
Според портал „Нова С“, по поразот на црвено-белите во Суботица од Спартак, навивачите на црвено-белите биле крајно незадоволни.
„Серијата лоши резултати кулминираше со дебакл во домашното првенство, а разочараните навивачи лансираа лавина од навреди на социјалните мрежи, особено на платформата „X“ (поранешен „Твитер“), која Сферопулос редовно ја користеше. За жал, во тој поплава од коментари имаше крајно несоодветни и брутални пораки, вклучително и закани со смрт, поради што тренерот на Звезда одлучи да го исклучи својот профил и да се повлече од социјалните мрежи“, пишува „Нова С“.