Спорт
Фјури: Ќе го победам Вајт со врзана рака и со една нога

Тајсон Фјури ги почна психолошките игри пред мечот со Дилијан Вајт. За нешто помалку од два месеца, Фјури и Вајт ќе се борат за титулата во ВБЦ-верзијата.
Вајт вчера не се појавил на прес-конференцијата. Од таборот на Фјури рекле дека исполниле сѐ што побарал противникот, а потоа почнал да поставува нови услови.
„Разбрав дека не сака неговиот лик да биде на постерот со кој се најавува мечот. Тоа не е коректно. Мислам дека му е јасно оти сѐ зависи од мене и дека во Лондон ќе се случи шоу на еден човек“, рекол Фјури.
Борбата за шампионскиот појас ќе се одржи на 23 април во Лондон.
„Искрено, мислам дека нема шанса да бидам поразен од Вајт. Најголема предност е мојата самодоверба. Знам што можам и колку можам. Би го победил Вајт со врзана рака и со една нога“, истакнал Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ковач и наредната сезона ќе ги предводи „милионерите“ од Дортмунд

Нико Ковач од Борусија Дортмунд ја доби довербата да го предводи тимот и следната сезона.
Хрватскиот стручњак пристигна на „Вестфален“, во февруари годинава и досега го водеше тимот на 16 натпревари. Во тој период „милионерите“ победија осум пати, три пати ремизираа и пет пати загубија.
Борусија започна прилично бавно под палката на Ковач, но тимот и играта изгледаат се подобро во последно време.
На последните четири натпревари во Бундеслигата, Дортмунд трипати триумфираше, ремизирајќи (2:2) со лидерот Баерн.
Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:1) за малку ќе ја надополнеја големата разлика од Барселона (0:4), покажувајќи дека можат да ги одмерат силите со најдобрите тимови на Стариот континент.
Сето ова му овозможи на поранешниот тренер на Баерн, Монако и Волфсбург да остане на кормилото и следната сезона.
„Милионерите“ моментално се на седмата позиција во Бундес лигата, а се на четири бода од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
Спорт
УЕФА ќе менува правила во Лигата на шампионите

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се подготвува да воведе три нови правила во Лигата на шампионите.
Оваа сезона Лигата на шампионите наместо во групна фаза првпат се играше во нов лигашки формат со 36 екипи, а иако се уште трае нокаут-фазата, се подготвуваат нови правила за претстојната сезона.
Германскиот таблоид „Билд“, наведува дека имал пристап до документацијата на УЕФА и дека следната сезона ќе стапат на сила три нови правила кои можат значително да го променат натпреварувањето.
Дефинитивно се ќе биде решено на 30 мај на голем состанок, а еве што се менува:
1. Серии од пенали наместо продолженија
Укинувањето на класичното дополнително време од 30 минути би било исклучително популарно кај голем број фанови. Во случај на нерешено, веднаш би се изведувале пенали.
2. Предност на домашен терен за најдобро пласираните
Како и во кошарката, подобро пласираните екипи би ја имале предноста на домашниот терен, тоа е правило кое би можело да заживее од следната сезона.
Екипите кои би обезбедиле Топ 8 по групната фаза од лигашкиот дел би имале предност на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето во зависност од позицијата.
Моментално ова правило важи само за осминафиналето, по кое има ждрепка.
3. Повторно воведување на правилото „заштита на државите“
Клубовите од иста земја можеа да играат еден против друг уште од плејофот, но и тоа може да се промени.
УЕФА размислува да го врати стариот систем од следната сезона, каде тимовите од иста земја би можеле да се сретнат само во подоцнежните фази од Лигата на шампионите.
Спорт
Погребот на папата в сабота ги одложи натпреварите во Серија А

Поради погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на 26. април, одлучено е тој ден да не се играат натпревари од италијанската Серија А.
Според распоредот требаше да се одиграат три натпревари од 34.коло: Комо – Џенова, дербито Интер – Рома и Лацио – Парма.
Се уште не е потврдено, но италијанските медиуми навестија дека натпреварите Комо-Џенова и Лацио-Парма ќе се одиграат в недела или понеделник.
Останува непознато кога на теренот ќе излезат фудбалерите на Интер и Рома, бидејќи проблем е првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој Интер ќе го игра против Барселона на 30 април во Шпанија.
На табелата во Серија А водат Интер и Наполи. Двата клуба имаат по 71 бод.