Црна хроника
Трае потрегата по разбојници од грабежот во Тетово
Полицијата с уште трага по останатите разбојници кои вчера попладне околу 18 часот ограбија и ранија златар во центарот на Тетово, па започнаа престрелка со полицијата, при што еден од разбојниците беше застрелан, а еден полицаец беше ранет
Според информациите на СВР Тетово, ранетиот разбојник бил дваесет ипет-годишниот Ибраим Ј. од Скопје. Неговото тело е предадено на судска медицина.И денеска продолжува увидот, на местото на инцидентот се наоѓа екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител.Вчера попладне седум или осум непознати вооружени разбојници со автоматско оружје влегоа во златарницата „Исак 1“, украдоа поголема количина на златен накит и го ранија сопственикот на златарницата, триесет идевет-годишниот И.Ф. од Камењане. Со две прострелни рани во нозете сопственикот бил префрлен на скопските клиники.Со двете возила со кои што дошле во златарницата, „опел астра„ и „опел омега“, без регистерски таблички заминале кон регионалниот пат Тетово – Јажинце. Во близина на Теарце биле забележани од полициска патрола, но не застанале, со голема брзина продолжиле кон Јегуновце. При влезот во селото кај железничката пруга биле пресретнати од уште една полициска патрола. Таму започнала престрелката со полицајците кои се наоѓале на влезот од селото Јегуновце, но и со полициската патрола која ги следела од село Теарце. Во престрелката еден од разбојниците беше застрелан, по што им подлегна на повредите, а еден полицаец беше полесно ранет. Другите крадци ги оставиле возилата и пешки се разбегале кон селото Нераште.Во двете возила кои биле оставени со отворени врати и отворени прозорци било пронајдено било оружје, златен накит и други предмети. Златен накит и оружје биле пронајдени и покрај безживотното тело на разбојникот. Пронајдените предмети се предадени на вештачење. Сѐ уште се утврдува дали пронајдениот накит е целокупниот накит кој бил украден од златарницата или разбојниците дел од накитот успеале да земат со себе. Ранетиот полицаец е на скопските клиники и се наоѓа вон животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

