Контакт

Свет

(Од минута во минута) Договорени хуманитарните коридори, Зеленски побара НАТО да му испрати авиони

Објавено пред

Осми ден на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Руската армија вчера го зазеде Херсон, стратешки важен град на југот на земјата. Под силно гранатирање е и Мариупол, важно украинско пристаниште на југоистокот. Во текот на вечерта и ноќта во Киев се слушнале бројни експлозии.

Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија минатата недела, изјави во четвртокот Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

Клучни настани:

  • Заврши втората рунда преговори помеѓу Русија и Украина. Договорени хуманитарните коридори
  • Путин изјави дека Русите и Украинците се ист народ, а Москва се бори против неонацистите
  • Зеленски побара авиони од НАТО и го повика Путин на разговори
  • ОН: Над милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија
  • Русија го окупираше стратешки важниот град Херсон на југот на земјата
  • Русите го ракетираа Чернихив и погодија две училишта, најмалку 33 мртви
  • Лавров: Има разговори за нуклеарна војна, но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина

Најнови вести:

21:15 САД најавија санкции за руските олигарси

Белата куќа најави нови санкции против руските олигарси, а како што пишува Си-ен-ен, ова е нов обид на Џо Бајден да го спречи Владимир Путин и неговата инвазија на Украина.

Новиот список на санкционирани ги вклучува пријателите на Путин и членовите на нивните семејства. Тие ќе бидат отсечени од американскиот финансиски систем, нивните средства во САД ќе бидат замрзнати и блокирани, соопшти Белата куќа.

20:47 (Видео) Руските војници влегуваат во Енергодар до нуклеарната централа

Руски војници отвориле оган во украинскиот град Енергодар, веднаш до најголемата нуклеарна централа во Европа, откако влегле со тенкови, објави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

20:40 Бин Салман би сакал да посредува во преговорите

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, добил телефонски повик од рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот и понуди да вложи напори да посредува во преговорите меѓу Москва и Киев додека Русија продолжува со инвазијата на Украина.

Бин Салман рече дека неговата земја ги поддржува „напорите што водат до политичко решение, крај на воените дејствија и постигнува безбедност и стабилност.

„Кралството е подготвено да вложи напори да посредува меѓу сите страни“, рече тој.

20:38 Украина: Русите го ракетираа Чернихив и погодија две училишта, најмалку 33 мртви

Најмалку 33 тела се извлечени од урнатините по руските воздушни напади врз украинскиот град Чернихив, соопштија украинските спасувачки служби. Според претходниот биланс загинале 22 лица.

Спасувачките напори се привремено прекинати поради силното гранатирање на областа.

20:33 Белата куќа: Сега не е време за средба меѓу Бајден и Путин

Нема планови и не е време за средба помеѓу претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, истакна портпаролката на Бајден, Џен Псаки.

„Претседателот го кажа тоа многу јасно. Но, ние ќе продолжиме да разговараме и да донесуваме одлуки во зависност од ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

19:57 (Видео) Градоначалникот на Киев ги посети луѓето во метро-станиците: „Расположението е патриотско и одлучно“

„Го обиколив градот, се симнав во метрото каде што луѓето се кријат со денови, разговарав со нив, ги прашав дали им треба нешто, ги охрабрив. Расположението во Киев е патриотско и одлучно, сите сме им благодарни на нашите војници и се гордееме со нив. Градската власт прави се’ што може целата критична инфраструктура да биде достапна за граѓаните. Го подготвуваме градот и за можни посилни напади“, рече Кличко.

19:39 Зеленски го повика Путин на преговори: Јас не гризам, од што се плашите?

„Седнете со мене да преговараме, но не на 30 метри“, рече Зеленски, очигледно мислејќи на разговорите на рускиот претседател со неговиот француски колега Емануел Макрон, на растојание од неколку метри.

19:03 Mосква и Киев без клучен напредок во преговорите, договорено е повторно да се сретнат

Вториот круг на преговори помеѓу Русија и Украина заврши.

„За жал, го немаме резултатот што го посакувавме, успеавме да се договориме за хуманитарните коридори“, изјави украинскиот преговарач.

18:44 Продолжуваат борбите околу најголемата нуклеарна електрана во Украина

Борбите за најголемата нуклеарна електрана во Украина, лоцирана во градот Енерходар, се’ уште траат.

Градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов изјави дека руските сили се на работ од градот и дека украинските сили се борат да го одбранат.

18:27 Путин: Русите и Украинците се еден ист народ, ние се бориме против неонацистите

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот исток. Тие користат цивили и странци како жив штит“

18:00 Конашенков: Во Украина има околу 200 хрватски платеници

„Секој странец треба да размисли седум пати пред да се приклучи на украинската армија“.

17:53 (Видео) Расте бројот на жртви во Чернигов

17:40 Зеленски до Западот: Испратете ни авиони

Украинскиот претседател, Волдимир Зеленски одржа прес-конференција на која апелираше до Западот да му испрати воени авиони.

„Ако немате моќ да го затворите украинското небо, тогаш дајте ми авиони“, рече тој.

„Ако не снема нас, не дај Боже, следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, додаде Зеленски.

17:00 Најмалку деветмина загинати во Чернив

При рускиот воздушен напад врз украинскиот град Чернив загинаа најмалку девет лица, а четворица се повредени, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.

Тој додаде дека погодени се и две училишта и приватни домови во Чернив.

Спасувачите се на терен.

16: 59 (Видео) Украинскиот министер за одбрана се обрати до нацијата

16:40 Почнаа преговорите меѓу Русија и Украина

Почна вториот круг преговори меѓу Украина и Русија.

Украинската делегација објави кратко видео и слика на Твитер. Советникот на Зеленски напиша: „Почнавме преговори, ова се клучните точки: прекинот на огнот и хуманитарниот коридор за евакуација на цивили.


16:30 Имотот на Русија и руските државјани во Украина ќе биде конфискуван

Украинскиот Парламент денеска изгласа закон со кој се дозволува заплена на имот на Русија или на руски државјани во Украина.

Според новиот Закон, украинската Влада ќе може да му предложи на Советот за безбедност кој имот да се конфискува.

16:20 МНР испраќа дипломати во Украина за евакуација на македонските државјани

Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина за асистирање на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

16.00 Османи во Брисел на итен состанок со министрите за надворешни работи на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Брисел каде што ќе учествува на вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на алијансата.

На состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по воената руска инвазија во земјата, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност.

15:54 (Видео) Од автомобил во движење снимено гранатирање на украински град

Русија од воздух го нападна градот Чернигов на северот од Украина и уби најмалку девет лица, а рани четворица, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.

На социјалните мрежи се појави снимка од автомобил во движење која наводно го прикажува гранатирањето на овој град.

15:17 Ова се главните украински и руски барања во преговорите

Втората рунда преговори меѓу украинската и руската делегација треба да започне во Белорусија попладнево.

14:39 Преговорите би требало да започнат во наскоро, Украина објави клучна цел

Вториот круг разговори меѓу украинската и руската делегација, според најновите информации, треба да започнат во Белорусија во следниот час.

Минимална цел на украинските преговарачи е воспоставување хуманитарни коридори, односно рути за бегство на цивили од областите каде што се водат борбите.

Ова го соопшти украинскиот преговарач Давид Арками, кој на „Фејсбук“ објави и фотографија со колега од преговарачкиот тим пред хеликоптерот.

13.40 Протокол на руската команда во случај на нуклеарен напад: Клучевите се кај Путин

Рускиот претседател Владимир Путин за време на викендот изјави дека нуклеарните сили на неговата земја треба да бидат во фаза на готвност, што, според „Ројтерс“, предизвика загриженост дека рускиот напад врз Украина може да доведе до нуклеарна ескалација

13.30 Украинска делегација тргна на преговори со Русија – објавена фотографија од хеликоптер

Украинската страна, која учествува во преговорите со Русија е на пат за Белорусија, каде што се очекува втората рунда преговори

13.20 Борел: ЕУ повикува на итен прекин на огнот во Украина

Европската унија повикува на итен прекин на огнот во Украина, изјави денеска високиот дипломат на ЕУ, Јосеп Борел

13.15 Орбан: Подготвени сме да бидеме домаќини на преговорите меѓу Русија и Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека неговата земја ќе биде подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина

13.05 Украинската војска: Планираа сѐ да биде завршено за 15 дена, не верувајте им

Украинската армија тврди дека пронашла документи за кои тврди дека се доказ оти Русија однапред планирала дека воената операција во Украина ќе трае 15 дена

12.55 Украинската армија: На помош доаѓаат 16.000 странски доброволци

Украинската армија објави дека дури 16.000 странски доброволци пристигнуваат да им помогнат во борбата против руската инвазија

12:50 Во Германија повторно се разговара за воведување на воен рок

Во Германија, како дел од реакциите на војната во Украина, се разви дебата за можното повторно воведување на општа воена служба.

Поддржувачите на идејата сметаат дека повторното воведување на воената служба ќе ја зајакне издржливоста на општеството во исклучително тешки времиња.

12:26 Франција заплени суперјахта на руски тајкун

Фанција заплени суперјахта за која тврди дека е поврзана со рускиот олигарх Игор Сечин. Toj е директор на руската нафтена компанија во државна сопственост „Роснефт“ и еден од олигарсите на Путин против кого ЕУ неодамна воведе санкции.

12.20 Резников: Воената опрема на непријателот која ја уништивме би била доволна некои земји да ги вооружат своите војски

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников (Олексиј) изјави дека украинската армија досега уништила онолку руска опрема колку што би било доволно за некои земји да ги вооружат своите армии

12.05 Урсула фон дер Лајен: Дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата се влоши

„Европската унија ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата во Украина се влоши“, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Европската унија ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата во Украина се влоши“, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

11:56 Кличко објасни какви експлозии одекнаа синоќа во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави нова видео порака во која им се обраќа на граѓаните. Тој го направи тоа откако синоќа одекнаа силни експлозии низ градот.

„ Ситуацијата е тешка, но е под контрола“, рече градоначалникот на почетокот.

11:50 Лавров: Има разговори за нуклеарна војна, но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина

Тој нагласи дека нивната цел е да се ослободат од нацистите во Украина.

„ Сигурен сум дека нашите партнери од Запад ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност. Западот се обидува да наметне сопствена слика за иднината на Европа“ рече Лавров и додаде дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.

11.35 Русите открија кои ќе бидат темите на втората рунда преговори со Украина

Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека блокот руски предлози во преговорите со Украина се состои од три дела: воено-технички, хуманитарно-меѓународен и политички

11.25 Владимир Кличко испрати порака: Горд сум на светското единство и спортските заедници

Поранешниот светски професионален светски шампион Владимир Кличко изјави дека е горд на обединетата реакција на спортскиот свет кој ги исфрли руските и белоруските репрезентации и спортистите од меѓународните натпревари по инвазијата на неговата родна Украина

11.15 (Видео) За време на емисија во живо во Киев одекна експлозија

Телевизиска екипа која известувала од местото на настанот во Киев ги снимила експлозиите што ја зафатиле областа

11.10 Австриски министер за финансии: Санкциите против Русија се на сила

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер тврди дека санкциите на ЕУ против Русија се веќе на сила

11.00 Канадските власти го проширија пакетот економски санкции против Русија

Канадските власти го проширија пакетот економски санкции кон Русија, во кој се вклучени 10 клучни работници на Гаспром и Роснефт, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја

10.55 Володин: Да не ја почневме операцијата, НАТО ќе ја почнеше еден ден подоцна

Ако Русија веднаш не поведеше специјална воена операција во Украина, буквално следниот ден НАТО ќе ја почнаше својата операција со посредство на украинските националисти, изјави денеска претседателот на државната Дума на Русија, Вјачеслав Володин

10.50 Марија Захарова: Ова е општа хистерија

Портпаролката на руското МНР Марија Захаров денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучително и Генералното собрание на Обединетите нации, е хистерична, а изјавите на официјалните лица се „апсурдни“

10.45 Зеленски: Секој напаѓач треба да знае дека ќе се соочи со жесток отпор од Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ѝ се обрати на нацијата преку видеопорака објавена на својот официјален фејсбук-профил. „Секој напаѓач треба да знае: ќе се соочи со жесток отпор од Украинците и засекогаш запомнете дека нема да се откажеме од она што е наше!“, рече Зеленски.

10:42 Лавров: Преговорите треба да продолжат денеска

„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече рускиот министер за надворешни работи на прес-конференција, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе продолжат денеска. Тој посочи дека преговорите може да се водат под услов за рамноправност.

10:30 (Видео) Русите со бомби во рацете бараа капитулација, Украинците им возвратија со пцости

На снимката се гледаат руски војници кои ги следи гневна толпа Украинци кои пак извикуваат „Слава на Украина“ и со пцости им довикуваат на руските војници да го напуштат градот.

10:05 Британија: Големиот руски конвој слабо напредува кон Киев

„ Главниот дел од конвојот што се приближува кон градот од север „останува на повеќе од 30 километри од центарот на градот поради украинскиот отпор, механичките дефекти и доцнењата“, се вели во новиот извештај на британското разузнавање.

10.00 Повици до Меркел да го вразуми Путин да ја прекине војната

Сè повеќе има повици до поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да се врати од пензија и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина, пишува британскиот дневен весник „Телеграф“

09:55 Украина тврди: Убиени се 9.000 руски војници

Според украинските власти, за една недела руските сили изгубиле приближно: 9.000 војници, 217 тенкови, 900 оклопни транспортери, 90 парчиња артилерија, 42 MLRS-а, 11 парчиња противвоздушно оружје, 30 авиони, 31 хеликоптер, 374 борбени возила, два брода, 60 тенкови и 3 дронови.

09.45 Кина знаеше за инвазијата – Пекинг побара од Путин да почека до крајот на ЗОИ за да започне напад

Кина побара од Русија да почека со нападот врз Украина додека не завршат Зимските олимписки игри, според извештаите на западните разузнавачки служби, пишува „Њујорк тајмс“

09.40 Руските ученици учат за неопходноста од војна

Во соопштението на Фејсбук страницата на министерството се вели дека децата исто така ќе научат како да ја разликуваат вистината од лагата во огромниот проток на информации, фотографии и видеа кои денес го преплавуваат интернетот, јавува Би-Би-Си

09.35 Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите кон Русија, но нема да ги прекинеме енергетските врски со Русија

Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија, а единството на 27-те членки на Европската унија е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан

09.30 Погоден радио-телевизискиот центар во Киев

Руските сили денеска го погодија радио-телевизискиот центар во Киев, јавува агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана

09.25 Граната погоди зграда – загинаа осум цивили

Според снимките кои пристигнуваат, во нападот значителна штета претрпел центарот на овој град, кој се наоѓа во областа Харков

09.20 Блинкен: Ова е закана за безбедноста на Европа

Тоа е повеќе во игра дури и од самиот конфликт во Украина. Ова е закана за безбедноста на Европа и за целиот поредок заснован на правила, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен

09:15 Советникот на Зеленски: На окупирана Украина и треба помош однадвор

Михајло Подољак ги обвинува руските сили дека дозволиле украинските области под нивна контрола да станат места на грабежи и убиства.

09:13 Гранатирано складиште за гориво

Според украинската служба, нападот запалил голем број цистерни со дизел со вкупен капацитет од 3.000 кубни метри. Засега нема информации за загинати и ранети.

09:10 Градоначалникот на Мариупол: Ќе го преживееме ова, ќе бидеме победници

Градоначалникот на Мариупол во јужна Украина изјави дека средата бил најтешкиот ден од руската инвазија поради силното гранатирање и зголемениот број ранети цивили во болниците. Градоначалникот Вадим Бојченко им се обрати на граѓаните на Мариупол и рече дека украинските сили храбро возвратиле на оние кои пукале во куќите.

08:55 Во метрото во Киев сместени околу 15.000 луѓе

Во метрото моментално има вода и бањи, како и храна и лекови.

08:45 Сепаратистите од Доњецк се закануваат со целни напади

Русија и сепаратистите велат дека опколиле град со 430.000 жители на брегот на Азовското Море.

08:26 Во текот на ноќта во Киев одекнаа силни експлозии

Силни експлозии се слушнале во текот на ноќта во главниот град Киев, но и во некои други украински градови. Во Киев околу 3 часот по локално време се слушнале најмалку четири големи експлозии. Експлозиите се случија неколку часа по големата детонација во близина на централната железничка станица во Киев.

08:20 Нови сателитски снимки од руското уништување на Украина

На фотографијата се прикажани уништени воени возила во станбена зона и уништени домови на улицата Вокзална во Буча, западно од Киев. Создаден е на 28 февруари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Објавено пред

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед бин Сулајем, извршниот директор на логистичкиот гигант ДП Ворлд со седиште во Дубаи, и осудениот педофил Џефри Епстин.

dobivaj vesti na viber

Документите, кои содржат приватна преписка преку е-маилови, покажуваат дека Сулајем и Епстин одржувале блиска комуникација со години откако Епстин првпат беше осуден за сексуални злосторства.

Преписката од јуни 2013 година особено го привлече вниманието на јавноста, покажувајќи неверојатен контраст во темите што се дискутираа помеѓу двајцата моќни мажи.

Во е-поштата, насловена како „Дали Куранот вели да не се земаат Евреи и христијани за пријатели?“, Сулајем се вклучува во теолошка дебата со Епстин. Тој толкува религиозни текстови за него и нагласува дека Куранот дозволува брак со „христијани и Евреи“ и дека нема смисла да се забранува пријателство со нив.

Сепак, тонот драстично се менува во последниот дел од одговорот на Сулајем, каде што теолошката дискусија се претвора во вулгарно фалење.

Сулајем му пишува на Епстин: „Ти благодарам, пријателе мој. Ќе пробам свежа, стопроцентно Русинка на мојата јахта.“

Епстин му одговара со ласкави зборови: „Она што го знам со сигурност е дека си еден од моите најдоверливи пријатели во секоја смисла на зборот. Никогаш не ме разочара, ниту еднаш, ниту на половина пат.“

 

Покрај оваа преписка, „Фајненшл тајмс“ вели дека документите откриваат како шефот на „ДП Ворлд“ помогнал во организирањето обука за руска „масерка“ од „приватниот спа-центар“ на Епстин.

Според е-поштата од 2017 година, Сулајем организирал девојката да биде испратена во хотелот „Риксос“ во Анталија, Турција, за да „стекне повеќе искуство“. Епстин во преписката нагласил дека сакал таа „да научи што е можно повеќе“.

Документите откриваат и други вознемирувачки пораки. Во една размена од 2016 година, Епстин му напишал кратка порака на Сулајем: „Ниту една девојка во Дубаи не е безбедна вечерва“. Контекстот на оваа порака не е целосно разјаснет во документите. Сулајем, исто така, наводно му испратил на Епстин линк до порнографска веб-страница во 2015 година, додека договарал посета на Санта Фе, каде што Епстин поседувал ранч.

Овие документи ќе бидат исклучително срамни за „ДП Ворлд“, компанија во сопственост на владата на Дубаи, која вработува повеќе од 100.000 луѓе ширум светот и управува со големи пристаништа, вклучувајќи инвестиции во Лондон и низ цела Африка и Азија.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто така инсистираше дека Путин го одржал своето ветување за привремено запирање на нападите врз Киев и другите украински градови.

dobivaj vesti na viber

Трамп им рече на новинарите во вторник откако Русија започна уште еден масовен напад врз Киев преку ноќ, пред новите разговори закажани за среда во Абу Даби, на кои се очекува да учествуваат американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер и претставници на двете завојувани страни.

Руските напади врз украинската престолнина следеа по неколкудневна пауза за која Трамп рече дека ја договорил. „Тој го одржа своето ветување за тоа“, рече Трамп за Путин, кој започна целосна инвазија на Украина пред речиси четири години.

„Беше од недела до недела“, рече Трамп, потсетувајќи дека Кремљ во петокот објави дека Путин, на негово барање, се согласил да ги запре нападите врз Киев до 1 февруари со цел да се создадат, како што беше наведено, „поволни услови“ за мировни преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека Украина чека одговор од САД на руските ноќни напади врз градови низ целата земја, кои предизвикаа нови штети на енергетската инфраструктура и убија две лица во Запорожје.

„Чекаме одговор од САД на руските напади. Американскиот предлог беше да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура за време на дипломатските напори и студениот зимски период“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ целата земја, кои предизвикаа нова штета на енергетската инфраструктура и убија две лица во Запорожје.

dobivaj vesti na viber

„Очекуваме одговор од САД на руските напади. Американскиот предлог беше да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура за време на дипломатските напори и студениот зимски период“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој додаде дека се очекувало Украина да направи отстапки, но дека сега е на Русија да го стори истото, првенствено за, како што рече, да ја запре агресијата.

Трамп: Не сум изненаден
Во напад со руски беспилотни летала во југоисточна Украина, во градот Запорожје, загинаа две лица на возраст од 18 години, а девет беа повредени, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров. Во објава на Телеграм, тој рече дека се оштетени четири повеќекатни станбени згради. Во регионот Запорожје, воздушната тревога остана на сила 24 часа откако беше прогласена.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите дека американскиот претседател Доналд Трамп не е изненаден од најновите руски напади врз Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет25 минути

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет45 минути

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија15 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија15 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија16 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија18 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион19 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија19 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија19 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија20 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет22 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа23 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет24 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа24 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет1 ден

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 ден

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија1 ден

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија2 дена

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија2 дена

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...