Свет
Лавров: Има разговори за нуклеарна војна, но тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешната прес-конференција, на која присуствуваат и странски новинари, меѓу другото, рече дека разговарал за можноста за нуклеарна војна.
„Но, тоа не го прави Русија, туку НАТО и Украина“, рече Лавров.
Тој нагласи дека нивната цел е да се ослободат од нацистите во Украина.
LIVE: Russian Foreign Minister Sergei Lavrov speaks to media https://t.co/0kOyejRLo9
— PresserWatch (@PresserWatch) March 3, 2022
„Сигурен сум дека нашите партнери од Запад ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност. Западот се обидува да наметне сопствена слика за иднината на Европа“, рече Лавров и додаде дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.
На конференцијата Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Велат дека не им треба гасоводот ‘Северен тек 2’ и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколкукратно поскапа“, рече Лавров.
„Наполеон и Хитлер имаа цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега тоа го сакаат Американците. Во филмовите имате слика на апсолутно зло и апсолутно добро. Слична е и глобалната слика. Верувам дека хистеријата ќе престане“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.