Црна хроника
Над 200 казни за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (2.3.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна незгода во Скопје
Вчера околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Никола Тримпаре“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Претрес во Ново Село, пронајдена дрога
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајден хероин
Вчера во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Н.Г. од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.