Црна хроника
Загина работник во гостиварско Чајле

Работник со привремен престој во Гостивар вчера попладне, околу 18:30 часот загина во гостиварското село Чајле, информираат од МВР
Несреќата се случила додека четириесетидвегодишниот Фатмир Стафа работел на ископ на канал за поставување канализациони цевки. Стафа, кој бил албански државјанин, влегол во каналот со лопата за да го расчисти земјиштето. Но дошло до лизгање на земјата којашто го затрупала, при што работникот починал на лице место. Направен е увид, а телото на работникот е предадено за обдукција. Во рок од пет дена, минатата и оваа недела, загинаа двајца работници кои работеа на изградба на објектите од проектот од „Скопје 2014“. И во двата случаи трудовиот инспекторат констатираше неправилности на скелињата од кои што паднаа работниците.Според податоците на Македонското здружение за заштита при работа, во периодот 2007-2010 година просечно по 47 работници го загубиле животот на работното место! Или, конкретно, 41 работник загинал на работното место во 2007, дури 62 во 2008, а во 2009 и 2010 – по 44 работници. Просечно, во минатата година, секој 8 ден по еден работник го губел својот живот додека ги извршувал своите работни задачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот