Црна хроника
Поднесена кривична пријава за сопственикот на ладилниците
Единицата за економски криминал при МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против сопственикот на ладилниците во кои било складирано месото кое во вторникот беше пронајдено во населбата Шуто Оризари
Како што информираше портпаролот на МВР, Иво Котевски, кривичната пријава ја поднесе единицата за економски криминал при МВР, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, бидејќи во повеќе наврати во текот на месец мај 2011 година набавил трговска стока – месо во поголема количина кое што имал намера да го отуѓува.„Вчера попладне истиот беше повикан на службен разговор во кој посочи дека не ги познава лицата од кои што го набавувал месото и дека не може да даде подетален опис за нивна идентификација. Според неговиот три часовен исказ во полиција, осомничениот на себе ја презеде одговорноста за негова натамошна дистрибуција, признавајќи дека имал намера да го продава“, рече Котевски.Претседателот на Сојузот на Ромите, Амбди Бајрам во четвртокот најави дека ќе поднесе кривична пријава и против Самка Ибраимовски претседател на ПЦЕР. Пред штабот на ПЦЕР и СДСМ во населбата Шуто Оризари беше пронајдено месото со изминат рок.„Мислам дека ова не треба да се случува во Република Македонија, ромскиот глас не смее да се купува, треба фер и демократски да се оди на избори, а не на ваков начин“, рече Бајрам.Специјалната единица „Алфа“ во непосредна близина на штабот на политичката партија СДСМ и ромската ПЦЕР, која е во коалиција со СДСМ, пред два дена откри два ладилници полни со расипано месо. Покрај месото запленета е поголема количина и на палмино масло, односно незаконски поседувана стока која тежела повеќе од три тони, од кои над два тони расипано месо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.