Свет
Берлускони уште во 2014 знаел што ќе се случи
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони имаше јасни идеи за меѓународната политичка сцена и нејзината иднина уште во 2014 година.
Пријателот на рускиот претседател Путин ги предвиде денешните настани пред другите, велејќи дека ќе се врати Студената војна, дека односите помеѓу Истокот и Западот ќе замрзнат и дека ќе има недостиг од гас.
Кога руската армија го окупираше Крим пред осум години и го одвои полуостровот од Украина, референдумот покажа дека има голем број русофили кои се за приклучување кон Русија, но меѓународната заедница никогаш не го прифати тоа и воведе економски санкции кон Русија.
„Тоа е грешка што ‘ја разбуди заспаната гордост на руската армија, го погоди имотот на 400 богати Руси кои повеќе нема да трошат пари во ЕУ и сè повеќе ќе ги продаваат своите куќи на Запад“, рече тој, додавајќи дека не треба да „продолжиме со нов пакет санкции, бидејќи така ќе се вратиме не само на Студената војна туку и на Ледената војна – нема да имаме ниту руски гас“!
Берлускони е пријател на Путин повеќе од дваесет години, а се сретнале многу пати и приватно и институционално.
Поранешниот италијански премиер не се огласува и не сака да го коментира конфликтот меѓу Русија и Украина. Постојат претпоставки, според италијанските медиуми, дека Берлускони ги активирал сите свои меѓународни контакти, особено оние во Франција и Русија, со надеж дека дијалогот ќе се врати.
Сепак, Берлускони повеќе не е во центарот на политичките случувања во Италија, иако многумина би сакале да биде, бидејќи тој би можел да има клучна улога во приближувањето на позициите до мирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсено едно лице осомничено за фрлање бомба во куќата на Здравко Чолиќ
Полицијата уапси едно лице, С. М. (1993), под сомнение дека фрлил бомба врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње, додека полицијата интензивно трага по вториот осомничен.
Информацијата ја потврди и српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, истакнувајќи дека станува збор за заедничка акција на полицијата, Вишото јавно обвинителство во Белград и Безбедносната и информативна агенција, пишува N1info.rs.
Уапсеното лице се товари за кривични дела нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи, како и предизвикување општа опасност како соучесник.
„Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго барано лице, дошле во семејниот дом на жртвата во Дедиње на 3 февруари годинава околу 4:52 часот наутро, каде што активирале и фрлиле рачна граната во дворот“, рече Дачиќ.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.
Бомбата во дворот на куќата на пејачот била фрлена во раните утрински часови на 3 февруари. Во нападот нема повредени, но има материјална штета. Чолиќ не бил дома во времето на инцидентот, туку бил во Загреб, каде што работи на нов албум.
Во својата прва изјава за медиумите по инцидентот, Чолиќ потврди за ТВ Уна дека неговото семејство е безбедно. „Сè е во ред во Белград, фала му на Бога сите се добро“, рече тој.
фото/епа
Европа
Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.
„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.
Aufgrund der Wetterbedingungen sind derzeit keine Starts möglich. Bitte überprüfe den Flugstatus bei deiner Fluggesellschaft. pic.twitter.com/24cLdrNg5L
— BER – Berlin Brandenburg Airport (@berlinairport) February 5, 2026
Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.
Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.
Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.
Свет
(Видео) Џиновска фантомска медуза снимена кај Аргентина
Ретка џиновска фантомска медуза е забележана за време на истражување на длабоко море во близина на Аргентина.
Научниците направија снимки од Stygiomedusa gigantea, позната и како џиновска фантомска медуза, во Јужниот Атлантски Океан на длабочина од околу 250 метри.
A team of researchers documenting the deep sea off the coast of Argentina discovered a jellyfish that can "grow as long a school bus." The footage shows a rarely seen giant phantom jellyfish at 820 feet below sea.
The belly of the jellyfish can grow up to 3.3 feet in diameter… pic.twitter.com/h9hnyNMtI9
— CBS News (@CBSNews) February 4, 2026
Истражувачите од Океанскиот институт Шмит го документираа необичното морско животно, кое може да порасне до еден метар во дијаметар, додека неговите краци можат да достигнат должина до 10 метри.
Четирите долги краци, кои личат на розови ленти, не се убоди како повеќето медузи. Наместо тоа, тие се користат за фаќање плен, првенствено риби и планктон, според Институтот.
Покрај снимките од ретката медуза, научниот тим откри и 28 потенцијално нови видови за време на експедицијата, вклучувајќи корали, морски ежови и морски анемони.

