Македонија
Новороденчето од Украина пристигнува на Табановце – Украина ја напуштаат 43 Македонци

За некој час на граничниот премин Табановце ќе пристигне група Македонци со семејствата од Украина меѓу кои е и семејството со новороденчето кое не можело да одговори на повиците за евакуација поради породувањето, соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Оваа група е дел од вкупно 43 Македонци кои се во активна евакуација.
„ По инвазијата 43 наши граѓани се во активна евакуација, ги напуштиле своите живеалишта и се на пат да излезат од Украина. Од нив 25 се надвор од Украина, во околните земји, Полска, Молдавија, Романија, Чешка и така натаму, додека 18 сè уште се во Украина, меѓутоа патуваат кон границата на Украина со соседните земји и се во безбедни конвои. 38 граѓани се сè уште во нивните живеалишта во Украина, 11 се во Киев, 7 се во Запорожје и 2 се по други градови во Украина. Од овие 38 дел се наши дел се украински државјани. Има дел наши граѓани кои и покрај тоа што излегоа од Украина и се Полска, решија да останат таму за при прва пригода повторно да се вратат во Украина бидејќи не сакаат да се оддалечат од нивните живеалишта. Има граѓани кои тука веќе немаат ништо освен државјанството. Дел од нив не ги напуштија живеалиштата во Украина, а дел останаа во соседните земји“, вели министерот Османи.
Минатата недела во Украина се врати македонскиот амбасадор, кој беше меѓу првите евакуирани поради загрозената безбедност. Сега ќе работи во романскиот конзулат во Украина, од каде ќе помага за евакуација на Македонци.
„Минатата недела одлучивме да испратиме дипломатска мисија во Украина со цел да помогнат, односно да ја олеснат евакуацијата на нашите граѓани. Во состав на делегацијата се нашиот амбасадор во Украина, искусен конзуларец и локалец, Украинка која беше евакуирана во Скопје заедно со вработените во нашата амбасада. Тие се вратија и се наоѓаат во моментов во романскиот конзулат во Украина и помагаат во олеснување на евакуацијата. Во овој процес на евакуација е вклучен цел тим овде во Министерството за надворешни работи, нашата амбасада во Букурешт, нашата амбасада во Варшава, нашите почесни конзули исто така ги ангажиравме да помогнат, да олеснат“, рече министерот Османи.
Министерството за надворешни работи од почетокот на кризата во Украина мапирало 120 Македонци со семејствата, од кои дваесетмина се вратија пред почетокот на инвазијата на 24 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.