Европа
Велика Британија ги отфрли барањата безусловно да ги пушти луѓето од Украина во земјата
Премиерот Борис Џонсон ги отфрли барањата за Британија да ги олесни визните барања за украинските бегалци што бегаат од конфликтот велејќи дека Британија е дарежлива земја, но мора да продолжи да проверува кој влегува во неа.
Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 1,5 милион луѓе ја напуштиле Украина откако Русија почна да го бомбардира својот сосед, а стотици илјади влегле во Полска, Романија, Словачка и на други места, пишува „Ројтерс“.
Одговарајќи на критиките дека Британија не прави доволно и е далеку зад своите европски соседи во помагањето да се реши најголемата хуманитарна криза на континентот од Втората светска војна, Џонсон рече:
„Ние сме многу, многу дарежлива земја. „Она што го сакаме е контрола и сакаме да можеме да провериме“, им рече тој на новинарите. „Мислам дека е разумно со оглед на тоа што се случува во Украина да се увериме дека имаме некоја основна способност да провериме кој доаѓа“.
Британската влада беше осудена од добротворни организации, опозициски пратеници и Франција, откога нејзиното инсистирање бегалците првин да добијат визи, значеше дека некои Украинци останаа заглавени во францускиот град Кале не можејќи да влезат во Британија, што предизвика дипломатски конфликт.
Европската Унија се согласи да им даде привремен престој на Украинците што бегаат од инвазијата и да им дозволи пристап до вработување, социјална заштита и домување до три години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.