Црна хроника
Приведени крадци во Скопје, украденото пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Синоќа во 19:30 часот од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.П. (34) и И.Б. (21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека истиот ден во гаражен простор на трговски центар на подрачјето на Гази Баба извршиле тешка кражба во патничко моторно возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на В.В. од Неготино при што одзеле повеќе предмети.
Тие биле приведени во Полициската станица Бит-пазар и кај нив биле пронајдени украдените предмети, како и алат со кој било извршено кривичното дело.
Со нив бил извршен службен разговор, во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.
По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.