Надворешна политика
Живко Мукаетов одликуван во Витез на Данското Знаме од Кралицата Маргарете II
Со указ на Нејзиното Височество, данската Кралица Маргарете Втора, генералниот конзул на Кралството Данска во Македонијана, Живко Мукаетов, му беше врачено високото национално одликување Витез на данското знаме.
Престижниот орден кој Мукаетов го доби е признание за неговиот исклучителен придонес во претставувањето на интересите на Кралството Данска во Македонија и промовирање на соработката меѓу двете земји.
Пригодната церемонија на примопредавање на орденот се одржа во резиденцијата на Кралството Данска во Виена, а одликувањето го изврши Амбасадорката на Кралството Данска во Виена и нерезидентен амбасадор за Македонија.
„Особено задоволство ми е што во име на Нејзиното Височество, Кралицата Маргарете Втора, можам да го доделам одликувањето ‘Витез на Данското знаме’ на Живко Мукаетов, во чест на признание за неговата ценета служба како Генерален конзул на Кралството Данска. Задоволството е уште поголемо бидејќи сум комплетно уверена дека ова признание навистина го заслужувате како истакнат бизнисмен кој раководи со голема индустрија како Алкалоид, како наш генерален конзул, како хуманист кој делува преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и како човек кој прави максимални напори за спортот“, истакна амбасадорката Лиселоте Плеснер.
Ова престижно одликување првпат е востановено од страна на Кралот Кристијан Петти, во 1671 година. Орденот е изработен од кралскиот јувелир Антон Микелсен и претставува бел емајлиран крст oд данското знаме порабен со црвено. На врвот од крстот е изработен монограмот на Кралицата Маргарете Втора, а на предната страна стои знакот на основоположникот на „Редот Витез на данското знаме“ со мотото на Редот: Бог и Кралот (Gud og Kongen).
„Би сакал да се заблагодарам на нашата надлежна амбасада во Виена за честа која ми беше укажана со одликувањето. Овој орден е од огромна важност за мене и за моето семејство. Иако е признание за годините поминати во служба на интересите на Кралството Данска, овој орден за мене лично претставува поттик за уште повисоки достигнувања, продлабочување на соработката и промовирање на интересите на Кралството Данска и на Република Македонија на најдобар можен начин“, истакна Мукаетов по повод одликувањето.
Живко Мукаетов е именуван за генерален конзул на Кралството Данска во Македонија во септември 2007 година, кога беше најмладиот конзул во данската дипломатска мисија. Неговата политика на делување е насочена кон зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, интензивирање на трговската размена и асистирање при конзуларните процедури на дански државјани во Република Македонија. /крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.